SBS Examines: Што е геноцид?

CANADA-INDIGENOUS-SCHOOL

Со терминот „геноцид“ може да се изрази тага или протест, но предизвик е да се докаже на суд. Source: AFP / Cole Burston/AFP via Getty Images

Зборот „геноцид“ е навистина моќен. Некои го нарекуваат „најтешкото злосторство“. Но, на што се одразува утврдувањето на геноцидот и зошто е тешко тоа да се докаже и казни?


Во 1944 година, полскиот правник Рафаел Лемкин го смислил терминот „геноцид“, делумно како одговор на Холокаустот, но и на други историски настани.

Тој ги комбинирал грчкиот префикс „генос“, што значи раса, и латинскиот суфикс „циде“, што значи убивање.

Благодарение на кампањата на Лемкин во 1948 била усвоена и Конвенцијата за геноцид.

Повеќе од 150 земји се потписнички на конвенцијата, што значи дека имаат одговорност да го спречат и казнат геноцидот.

Но и покрај стотици настани што би се сметале за геноцид, само неколку добиле правно признавање.

Ова се должи на повеќе политички и правни фактори.

Сепак, често го слушаме зборот „геноцид“ како опис на тешко злосторство, а не само во контекст на меѓународното право.

Повеќе научници се согласни дека терминот може да се користи за изразување на жалост и протест.

„Станува начин за преведување на различни искуства на сериозно злосторства,“ вели професорката по човекови права и меѓународно право на Универзитетот во Њујорк, Васуки Несиах.

Во оваа епизода на SBS Examines ја разгледуваме контроверзната историја на геноцидот и начинот на кој зборот се користи денес.

Share