Зошто Австралија одржува референдум за „Гласот“ и што всушност е тоа?

CANBERRA RECONCILIATION WEEK STOCK

Австралиското знаме и знамињата на Абориџините и Островиските народи на Теснецот Торес Source: AAP / LUKAS COCH/AAPIMAGE

Подоцна оваа година, австралиските граѓани ќе гласаат на референдум за воведување Глас на домородните народи во парламентот. Еве што треба да знаете за процесот, причините зошто се одржува референдумот, како и повеќе за информациите кои се достапни за да им помогнат на граѓаните да донесат одлука на гласачките места.


Австралијците со право на глас наскоро ќе бидат повикани да одлучат дали австралискиот Устав треба да се промени за да ги признава домородните народи преку претставничко тело познато како Домородниот глас во Парламентот.

Доколку е успешен, референдумот ќе дозволи да се воведе советодавно тело на избрани Австралијци кое ќе ја советува владата за прашањата и закони кои ги засегаат Првите народи.

Портпаролот на австралиската изборна комисија Еван Екин-Смит објаснува зошто референдумот е важен за овој процес.

„Референдумот е национално гласање за одредено прашање за или против промена на Уставот на Австралија“, вели тој.

Уставот може да се промени само доколку народот гласа. Парламентот нема моќ да го стори тоа.
Еван Екин-Смит
Уставот утврдува како функционира сојузната влада. Уставот го одредува начинот на кој Комонвелтот, државите и граѓаните комуницираат; вклучително и кои закони може да ги донесат државните и сојузните парламенти.

Од граѓаните ќе биде побарано да гласаат „да“ или „не“ на следново прашање:

"Предложен е закон за измени во Уставот со цел да се признаат првите народи на Австралија со воведување на Глас на Абориџините и островските жители на теснецот Торес.

Дали ја одобрувате оваа предложена промена?“

YES 23 VOICE CAMPAIGN SYDNEY
Знамето на Абориџините насликано на лицето на девојка на настан за поддршка за домородниот Глас во парламентот Source: AAP / BIANCA DE MARCHI/AAPIMAGE
За референдумот да биде успешен, мора да се постигне двојно мнозинство.

„За да се смета како успешен, мнозинство од гласачите на национално ниво мора да гласаат „за“ во мнозинството држави. Значи, мнозинство гласачи во најмалку четири од шесте австралиски држави треба да гласаат „за“, објаснува г-дин Екин-Смит.

„Граѓаните во Австралиската главна територија и Северната територија ќе гласаат како и сите други австралиски граѓани на гласачкото ливче. Но нивните гласови ќе се сметаат за националното мнозинство, а не за второто мнозинство кое е потребно за да се измени Уставот. Значи, гласовите на граѓаните во териториите сепак се неверојатно важни за националното мнозинство“.

Предложениот Домороден Глас во Парламентот ќе тело составено од припадници на двата пола, избрани од заедниците на Првите народи да ги претставуваат нивните заедници во парламентот за прашања и закони кои ги засегаат домородните народи.

Советодавното тело нема да има моќ да донесува закони, да наметнува вето на одлуки или да доделува средства. Парламентот ќе продолжи да функционира како и сега.

Професорката Меган Дејвис потекнува од народот Cobble Cobble и е претседателка на одделот за Уставно право на Универзитетот на Нов Јужен Велс.

Таа беше дел од Експертскиот панел за признавање на Абориџините и Островјаните од Теснецот Торес во Уставот кој го даде предлогот за Глас во парламентот.

Таа вели дека повеќе други земји успешно имплементирале слични модели.

„Ова е многу вообичаена реформа донесена во повеќе демократските системи ширум светот за да се осигури дека гласовите на домородните народи се слушаат кога владите донесуваат закони и политики за нив“ вели таа.
Една од причините зошто не успеавме да го затвориме јазот во Австралија е затоа што владата многу ретко ги консултира заедниците кога таа донесува закони и политики за нив.
Професорката Меган Дејвис
Луѓето од Првите народи на Австралија имаат различни политички ставови а некои од нив не се согласуваат со предлогот за „Глас“.

Ова вклучува и истакнати домородни политичари.

Либералната сенаторка на Северната Територија Џасинта Прајс и поранешниот лидер на Лабуристичката партија Ворен Мундин се дел од кампањата против „Гласот“. Тие тврдат дека „Гласот во парламентот“ нема да помогне да се намали јазот што постои меѓу домородните и другите Австралијци.


JACINTA PRICE VOICE PRESSER
Сенаторката на Либералната партија, Џасинта Нампиџинпа Прајс со млада домородна жена која носи австралиско знаме пред прес-конференцијата во Парламентот во Канбера, среда, 22 март 2023 година. Source: AAP / LUKAS COCH/AAPIMAGE
Г-дин Екин-Смит вели дека Австралиската изборна комисија развива информативна кампања за повеќе од 17 милиони Австралијци регистрирани гласачи.

 „Илјадници гласачки места низ целата земја ќе бидат отворени на денот на референдумот“.

„Исто така, центри за предвремено гласање ќе бидат достапни во неделите пред референдумот за лица кои не можат да гласаат на самиот ден. Ќе го олесниме и гласањето за лица кои се наоѓаат во странство, гласањето преку мобилен телефон, гласање по пошта, како и телефонско гласање за слепи лица“.


Претставникот на Австралиската изборна комисија, Пат Каланан, објасни кои ресурси ќе бидат достапни за гласачите.

 „Ќе имаме ресурси преведени на повеќе од 30 различни јазици, достапни на нашата веб-страница и преку преведувачки услуги преку телефон.“

 Тој објаснува дека доколку некој поединец е запишан да гласа на избори, тој има право да гласа и на референдумот.

 Затоа, исто како и на избори, гласањето е задолжително.

 „Австралиските граѓани имаат право на глас, но ние би ги охрабриле луѓето дека ако сте се преселиле или ако не сте сигурни дали вашите детали се точни, да го проверете тоа на веб-страницата „aec.gov.au“.

 Г-дин Екин-Смит верува дека е важно да се учествува во дебатата околу прашањето и поединците да бидат информирани пред да гласаат.

 „Навистина размислете за темата. Тоа е она што се разликува кога станува збор за референдумот. Вие не размислувате за кандидати кои можеби сакате да ги изберете, туку размислувате за ова прашање“, вели тој.


Внимателно едуцирајте се, размислете дали сакате да гласате „да“ или „не“ и погрижете се да бидете информирани на денот на гласање.
Еван Екин-Смит
Клучно е да се знае дека резултатот е обврзувачки, вели г-дин Каланан.

 „Навистина е важно да го кажете своето мислење без разлика на начинот на кој ќе гласате. На Австралиската изборна комисија не и важно дали луѓето гласаат „за“ или “против„ но важно е тие да гласаат. Ние, ги охрабруваме луѓето да го сфатат тоа сериозно“.

Останете информирани за референдумот за воведување Глас на домородните народи во парламентот во 2023 година со СБС, вклучително и преку перспективи на првите народи на NITV. Посетете го порталот за да пристапите до статии, видеа и објави на повеќе од 60 јазици или бесплатно да ги стримувате најновите вести и анализи, документарци и забавни содржини на

Share