Објавена формулацијата на референдумското прашање за "Гласот"

REFERENDUM WORKING GROUP

Членови на Работната група за референдум во дворот на Сојузниот парламент Source: AAP / MICK TSIKAS/AAPIMAGE

Премиерот Антони Албанезе ја соопшти формулацијата на референдумското прашање за воведување Глас на домородните народи во Парламентот. Прашањето гласи: "Предложен е закон за измени во Уставот со цел да се признаат првите народи на Австралија со воведување на Глас на Абориџините и островските жители на теснецот Торес".



Share