Мики Величковски, за СБС на македонски, страствено зборува за неговото позитивно искуство во домородните заедници, за нивната гостопримливост, сличностите со македонските семејства и за тоа, зошто ќе гласа "Да" на претстојниот референдум за впишување на домороден "Глас" при Парламентот.
Време е вистински да се слушне гласот на домородните луѓе
Мики Величковски, здравствен работник од НЈВ во оддалечена домородна заедница во Квинсленд Credit: M.Velickovski
Мики Величковски, кој како медицински брат има работено во повеќе оддалечени домородни заедници во Квинсленд и Северната Територија во последниве две години, вели дека е крајно време да се слушнат домородните луѓе, бидејќи тие најдобро знаат што им е потребно.
Share