Недовербата, лажните информации, вештачката интелигенција, шпионажата и социјалната поделеност ја загрозуваат демократијата во Австралија, според нов владин извештај.
Директорот на Програмата за демократија на Австралискиот институт, Бил Браун, вели: „Во светот, демократијата неодамна претрпе некои предизвици. И мерките за квалитетот и ширењето на демократијата во различни земји имаат тенденција да го потврдат тоа дека во последните 10 години, работите тргнаа наназад.“
Но, г-дин Браун додава дека Австралија е заштитена од најлошите од овие промени.
Тој посочува на демократските предности како што се изборите за долниот и горниот дом на парламентот, задолжителното гласање и независната изборна комисија.
„Мислам дека има лекции што може да се научат од австралискиот систем и австралискиот начин, кои би го подобриле квалитетот на демократијата низ целиот свет“, изјави тој за SBS Examines.
Во оваа епизода ќе го разгледаме прашањето: Умира ли демократијата во Австралија?