Key Points
- „Bush tucker“ е храна со потекло од Австралија која често е хранлива и преполна со протеини и растителни влакна.
- Размислете што е достапно во лето во јужната хемисфера кога планирате да вклучите автохтони сорти во вашата кујна, објаснува еден експерт.
- Дискутирањето од каде потекнуваат автохтоните состојки е еден од начините да им се оддаде почит на Првите нации на Австралија.
„Bush tucker“ е храна со потекло од Австралија која историски ја консумираат луѓето од Првите нации и во која уживаат многумина.
Поголемиот дел од автохтоните шумски сорти се хранливи и преполни со протеини и растителни влакна и вклучуваат различни овошја, растенија и семиња.
Иако домашните состојки привлекоа зголемено внимание во последниве години, за обичниот готвач вклучувањето на овие сосојки во јадењата сè уште претставува предизвик.
Демиен Култхард е човек од Адњаматана и Диери од Flinders Rangers и ко-основач на Warndu, бизнис кој продава домашни состојки.

Co-founder of Warndu, Damien Coulthard. Credit: Jiwon Kim Credit: Jiwon Kim
„Всушност, она што сакаме е да ги охрабриме луѓето да експериментираат со различни автохтони состоjки,“ вели г-дин Култхард.
Тој смета дека нема подобро време да поченеме од празничниот период кога се служат различни јадења.
Еве пет работи што можете да ги направите за да ги вклучите автохтоните шумски состојки во вашите веселби.
1. Додадете автохтони состојки во салатите
Наместо да се обидте да зготвите сосема нов рецепт со автохтони состојки, размислете како да ги замените вашите редовни состојки со австралиските домашни сорти, советува г-дин Култхард.
„Се работи за експериментирање со различни профили на вкус,“ вели тој.
На пример, warrigal greens може да се усогласат со спанаќ, самфирот може да се усогласи со аспарагус, а лимоновата мирта ви дава вкус на цитрус сличен на лимонот, но посилен.
2. Зачинете и маринирајте со автохтони состојки
Ако треба да се сервира мисирка, пилешко, јагнешко или риба, зачинете со автохтони опции, вклучително и saltbush која има солен и хербален вкус, и е совршена за па дури и .
Pepperberry е одличен за месото, додека geraldton wax има вкус на лимонов бор и е идеален за полнење или како прилог на морската храна.
3.Изберете морска храна
Арабела Даглас, жена од заедницата Минјубал е основач на Currie Country, водечка организација на Првите нации која го олеснува поврзувањето преку културно ангажирање на заедниците.
Таа објаснува дека едно нешто што треба да се земе предвид кога се додаваат автохтони состојки е што е достапно во летото во јужната хемисфера.
„Треба да запомниме каде сме и да се однесуваме така, да сме свесни дека сме на континент во јужната хемисфера,“ вели г-ѓа Даглас.

Arabella Douglas is a founder of Currie Country. Credit: Jiwon Kim
Г-ѓа Даглас верува дека ракчињата и морските плодови се добри опции за сервирање, додека пипите и раковите се меѓу нејзините омилени.
„Трикот е да ги оживеете зачините.“
„Ние сме многу свесни за тоа кога можеме да замениме важна состојка со домашна автохтона состојка.“
4. Додадете автохтони состојки на традиционалната Павлова

Strawberry gum Pavlova with wattleseed cream. Credit: Josh Geelan and Luisa Brimble
„Сите ја сакаат нашата павлова со со павлака натопена со wattleseed,“ вели г-дин Култхард.
Павловата е уште повкусна кога се сервира со домашно овошје како што се quondongs, сливи Дејвидсон и muntries, додава тој.
Слични додатоци може да се направат и за омилените празнични десерти, како што е и овошниот трајфл.
5. Додадете автохтони состојки во вашите пијалоци
Wattleseed e совршена алтернатива на кафето, која ќе ја надополни вашата енергија, но без кофеин.
Finger лиметите и сливите Дејвидсон можат прекрасно да ги надополнат газираните пијалоци и коктели, додека лимонската мирта е одличен додаток на пијалоците на база на тоник.
Чајот од речно нане и лимоновата мирта имаат смирувачки ефект.
Направете приказна и споделете
Истражувањето и дискусијата од каде потекнуваат домашните состојки може да биде еден начин да се прослави богатото наследство на Австралија.
„Направете напор да ја идентификувате државата, името на јазикот поврзан со абориџинската нација од каде потекнуваат состојките и изградете приказна за тоа,“ вели г-дин Култхард.
„Тоа ќе ви донесе вистинска благодарност за она што го имаме.“