Експертите велат дека заздравувањето на Австралија по пандемијата може да биде ранливо без вклучување на квалификувани мигранти

Young migrant engineers working on a helicopter Source: Photodisc
Добро за економијата, но не и за раст на платите - тоа е предвидување на гувернерот на Резервната банка на Австралија, Филип Лоу, кога станува збор за миграцијата. Тој вели дека додека највисоките нивоа на миграција во Австралија помогнаа во зајакнувањето на економијата, во некои случаи тоа ги остави деловните субјекти без поттик да обучуваат локални работници. Сепак, Комитетот за економски развој на Австралија вели дека анализата на податоците за миграцијата го докажува спротивното.
Share