Што значи “Добредојде на земјата”?

Сè почесто на јавни настани, набљудуваме церемонија што ја изведуваат абориџинските "Традиционални чувари". Овој ритуал за добредојде се нарекува “Добредојде на земјата”.

Welcome Commonwealth Games

Source: Ian Hitchcock/Getty Images

Главни поенти

  • Церемонијата „Добредојде на земјата” се разликува од изразувањето “Признавање на земјата”
  • Само "Традиционалните чувари" на одредена област можат да вршат “Добредојде на земјата”
  • Достапни се ресурси кои ќе ви помогнат да подготвите со свој глас, “Признавање на земјата”
 “Добредојде на земјата” може да се испорача како говор, танц или церемонија со кадење (создавање чад) на почетокот на настанот. Ритуалот за пречек го вршат "Традиционалните чувари на земјата" на која се одржува настанот.

Што значи Добредојде?

“Добредојде на земјата” е поврзано со обезбедување духовна безбедност, вели Џуд Барлоу, старешина Нгунавал, од регионот на Канбера.

„Да се ​​биде добредојден на земјата значи дека разговарате со Вашите духовни предци и со тоа велите „Само дозволете оваа личност да помине. Ние веруваме дека таа нема да и нанесе никаква штета на оваа земја, затоа вие не им нанесувајте штета ним“, вели таа.

“Кога одам во друга земја на "Првите нации",

сакам сум добредојденa, да почувствувам дека

духовите се согласуваат со моето присуство таму,

бидејќи тие се уште се со нас - тие се во животните, тие

се во дрвјата.”

Што е земја?

Терминот „земја“ претставува некои сложени идеи. Се користи за опишување на земјата, водните патишта и небото, но исто така ја отелотворува идејата за живот, семејство и врска, вели Џуд Барлоу.

„Тоа е енергијата што ја чувствувам кога сум на Земјата. Кога не сум тука, нешто ми недостасува од животот. Тоа е исто така врска со моите предци, бидејќи Абориџините имаат усна историја, а Земјата ги содржи тие приказни“.

 Може ли секој да ја врши церемонијата Добредојде на земјата

“Добредојде” вршат само традиционалните чувари на земјата на која се среќавате.

Welcome Big Bash
Welcome to Country performed at Big Bash League, Perth Source: Paul Kane/Getty Images
Честопати “Чуварите” се формално признати како група на традиционални сопственици за одредена област, вели Пол Патон. Тој е човек од Гунаи и Монаро, од југоисточна Австралија и извршен директор на Федерацијата на корпорации на традиционални сопственици на Викторија - the Federation of Victorian Traditional Owner Corporations.

 „Традиционалните сопственици се поврзани со одредено место или земја и навистина е важно да ја почитуваме таа врска со тоа парче земја или тој културен пејсаж - таа трајна врска на илјадници генерации“, вели тој.
Во некои делови на Австралија, "Традиционалните чувари" се добро познати, додека во други, идентификувањето на чуварите бара одредено истражување, особено ако тие не биле формално признати.

Владините организации и локалните совети, често можат да Ве поврзат со традиционалните сопственици. Контактирањето со Вашиот локален совет за абориџинско земјиште или здравствена организација на Абориџините, исто така може да Ве упати во вистинската насока.

Welcome Super Netball
Welcome to Country performed before Super Netball, Melbourne 2022 Source: AAP Image/James Ross


Дали „Признанието на земјата“ е различно од тоа?

На почетокот на состаноците и настаните, се прави и признание за земјата, за да се оддаде почит. Она по што тоа се разликува од “Добредојде”, е тоа што не мора да биде изведено од "Традиционален чувар".

„Признание на земјата може да направиме сите ние, црни и бели, од каде и да доаѓаме“, вели старешината Рода Робертс, Elder in Residence (уредник- гостин) во SBS.

„Значи, признавањето е потврда дека можеби работите или живеете на место од каде што не потекнувате, но тоа е во ред. Вие сè уште припаѓате таму и им признавате и им се заблагодарувате на чуварите и старешините“.

Подготовка на признание

Не постои одредена формулација за признание, така што намерата и искреноста се клучни. Тоа е можност да се зборува од срце, наместо да се користи постоечко сценарио.

Достапни се ресурси на интернет, кои ќе ви помогнат да го подготвите Вашето лично признание.

„И не правете го тоа како нешто во последен момент, не напамет, туку всушност планирајте го како дел од целиот свој настан - не само како случајна мисла без должно внимание“, вели Џуд Барлоу.

„Тоа е знак на почит.”
Acknowledgement fashion show
Acknowledgement of Country given by Aunty Yvonne Weldon during the First Nations Fashion + Design show, Sydney 2022 Source: Stefan Gosatti/Getty Images
Внимавајте и потрудете се да ја именувате земјата на која се среќавате.

"Именувајте ги "Традиционалните чувари",

ако се официјално признати и оддадете почит

на старешините од минатото, сегашноста и новите"

Ако не е јасно кои се традиционалните сопственици, или повеќе групи покажале интерес за одреден дел од земјата, паметно е да се направи поопшто признание на „традиционалните сопственици“, вели Пол Патон.

„Ако е оспорена земја, тоа е исто така нешто што треба да се признае“.

 


Share
Published 5 July 2022 9:25pm
Updated 5 July 2022 10:02pm
By Melissa Compagnoni
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends