Latest

Сенатот го усвои законот за референдум за „Гласот“, кој ќе се одржи во следните 6 месеци

Усвојувањето на предлог-законот значи дека референдумот за воведување Глас на домородните народи во Парламентот мора да се одржи помеѓу два и шест месеци од денеска.

Two women embrace each other in parliament house.

The legislation on the Indigenous Voice referendum question has passed federal parliament, a development that moves the nation closer to a referendum date being determined. Source: AAP / Lukas Coch

KEY POINTS:
  • Повеќе од 17 милиони Австралијци се регистрирани да гласаат на референдумот подоцна оваа година.
  • Усвојувањето на предлог-законот за референдумот го активира процесот на одредување на датум за гласање.
  • Датумот мора да се одреди во рок од два до шест месеци од денес.
Австралијците официјално ќе гласаат за воведување Глас на домородните народи во Парламентот во следните шест месеци, откако нацрт-законот за одржување на референдумот беше усвоен во Сенатот со 52 гласа „за“ и 19 „против“.

Во парламентот во понеделникот беше отстранета последната пречка за референдум при што Австралијците сега треба да одлучат дали да го вградат Гласот - клучен столб на декларацијата "Улуру - Соопштение од срце" од 2017 - во Уставот.

Активисти кои го поддржуваат „Гласот“ изјавија дека „работата на парламентот е завршена“ и дека дебатата сега треба да биде водена од страна на грасрут застапниците за уставни измени.

Министерката за домородните Австралијци Линда Барни рече дека со усвојувањето, Австралија е„еден чекор поблиску“ до признавање на домородните Австралијци во Уставот а со тоа оваа „извонредна земја може да биде подобра“

„Денеска завршува политичката дебата. Денеска можеме да започнеме национален разговор на ниво на заедницата“, рече таа.

„Веќе предолг период, домородните Австралијци се повеќе обесправени во споредба со другите... Тоа е скршен систем. “Гласот„ е нашата најдобра шанса да го поправиме тоа, бидејќи кога ги слушаме луѓето и се консултираме со локалното население, тие носат подобри одлуки и постигнуваат подобри резултати“.

Лабуристите нагласуваат дека функцијата на “Гласот„ би била чисто советодавна, тело кое ќе им овозможи на домородните Австралијци да ги советуваат парламентот и владата за прашања што особено ги засегаат нив.

Но, некои од критичарите тврдат дека предлогот е ризичен, додека други тврдат дека им дава недоволна моќ на домородните луѓе.

Првиот референдум по речиси четвртина век ќе се одржи некаде помеѓу два и шест месеци од понеделник, а премиерот Ентони Албанезе најави дека тоа ќе биде оваа година.

„Оваа можност да ја подигнеме нашата извонредна нација уште повисоко се случува еднаш во животот“, изјави премиерот.


A woman raises her fist as she walks in the parliament.
Independent Senator Lidia Thorpe reacts after the passing of the Voice to Parliament in the Senate chamber at Parliament House. Source: AAP / Lukas Coch
„Вистината е дека за повеќето луѓе, ова нема директно да влијание врз нивните животи. Но, тоа може само да го подобри животот на најзагрозената група во Австралија денес... Ако правите нешто на исти начин треба да очекувате ист исход.“

„Ова е можност работите да се направат да бидат подобри, наместо да се прават работите за домородните Австралијци, [да] се направи промена со домородните Австралијци“.

Коалицијата гласа за усвојување на предлог-законот

И покрај нејзиниот став против “Гласот„ коалицијата во понеделник наутро дозволи легислативата да биде усвоена.

Пратеничката Михаила Кеш од редовите на либералите тврдеше дека гласањето „за“, „неотповикливо ќе го промени“ австралискиот Устав, тврдејќи дека лабуристите не успеале да дадат доволно детали за тоа како ќе функционира телото.


„[Но] ние веруваме во луѓето на оваа држава и во нивното право да го кажат нивното мислење за ова прашање“, рече таа.

„Тоа е непознато, разделува и е трајно. Ако не знаете како ќе функционира „Гласот“, моето скромно мислење е: гласајте „Не“.

Портпаролката на домородните Австралијци на коалицијата, Џасинта Прајс од народот Warlpiri и со Келтско потекло, рече дека доколку Парламентот одлучува за деталите по парламентот, тоа ќе ја отвори вратата за правни ризици.

„Премиерот сака слепо да му веруваме да го потпише неговиот бланко-чек и да дозволиме неговиот ризичен предлог засекогаш да биде впишан во Уставот, кога тој не може ништо да гарантира“, рече таа.

Одредени членови на коалицијата гласаа против нацрт-законот, технички аспект што ќе им овозможи да придонесат кон ставот„против“ во формалните референдумски памфлети, кои ќе бидат дистрибуирани до гласачите.


Зелените го поздравија овој „навистина историски ден“

Портпаролката за домородните Австралијци од редовите на Зелените, Доринда Кокс, која направи компромис за нејзиниот став „Договорот и вистината“ да бидат воведени пред „Гласот“, најави дека овој е„навистина историски ден“ за Австралијците од Првите народи.

„Работата на парламентот е завршена. Време е грасрут кампањата со ставот „за“ се сретне со заедниците и да сподели со сите Австралијци зошто овој референдум е толку важен и зошто „Гласот“ е толку важен“, рече таа.


Penny Wong stands in Senate in front of a woman and two men sitting down
Ms Burney, seated left, was present for the debate. Source: AAP / Lukas Coch
„Ова е само почетокот на она што е потребно. Треба да ги вратиме правата на луѓето на Првите народи во оваа земја. Ни треба и напредок кон „Вистина и договор“, а тоа ни треба и сега“.

Додека сенаторката Кокс истакнуваше дека „Гласот“ нема да го поткопа домородниот суверенитет, таа беше прекинета од страна на независната сенаторка Лидија Торп која ја напушти Зелената партија за да може да води своја кампања за „Гласот“.

"Докажи!" повтори во повеќе моменти сенаторката Торп.

Лидија Торп со критики против „лажниот и измислен“ Глас

Сенаторката Торп, со потекло од народите Surrounding, Gunnai и Gunditjmara, го опиша понеделникот како „ден на асимилација“ и ги повика Австралијците да го бојкотираат референдумот.

Сенаторката Торп го опиша законот како „последната шајка во ковчегот“, но таа допрва треба да открие дали ќе гласа „за“ или „против“ на самиот референдум.

„Ќе гласам „против“ оваа катастрофална идеја која треба да ни даде моќ“, рече таа.

„Но, не можам да поддржам нешто што на мојот народ не му дава моќ. Не можам да поддржам нешто што зависи од тоа кој е на власт“.

Woman poses with group of people in 'yes' t-shirts.
Minister for Indigenous Australians Linda Burney poses for a photo with 40 members of Jawun at Parliament House in Canberra. Source: AAP / Mick Tsikas
„Признавањето на суверенитетот на првите народи во оваа земја [ќе] ја распушти колонијалната, насилната институција во која се наоѓаме сите во моментов“, рече таа.

„Да, јас сум тука да се инфилтрирам...[да] ја уништам белата надмоќ што е претставена на ова место“.

Сенаторката Торп, која носеше маица со натписот „Гамин“ за време на дебатата, побара од Парламентот да ги спроведе препораките од Кралската комисија за смртта на Абориџините во притвор.
Lidia Thorpe sitting in the Senate. She is wearing a grey t-shirt with the word 'Gammin' written in white
Independent senator Lidia Thorpe reacts during debate on the Voice to Parliament in the Senate chamber at Parliament House. Source: AAP / Lukas Coch
„Гамин, како што знаеме, значи лажно и измислено“, рече таа.

„Ги слушаме сите овие убави, искрени приказни за тоа како ова ќе ни ги поправи животите. Ќе реши сè. Нема да можеме да направиме ништо по овој референдум... Во меѓувреме, во затворите ги мачат децата. "

За време на дебатата во понеделникот, пратеничката од Лабуристичката партија Маландири Мекарти ги повика Австралијците да гласаат „за подобра иднина“ и рече дека „Гласот“ ќе значи „многу“ за домородните луѓе.

„[Домородните луѓе] им овозможуваат на сите Австралијци за да можат да се чувствуваат горди на овој период во историјата на нашата земја“, рече таа.

„Каде што луѓето од Првите народи можат да бидат и да се чувствуваат како дел од комплетната ткаенина“.

Загриженост поради тонот на дебатата по коментарите на Полин Хансон

Откако сенаторката на партијата „Една нација“, Полин Хансон ги повика Австралијците „да прашаат зошто“ се случила историјата со Украдените генерации, сенаторката Мекарти призна дека е загрижена за тонот на дебатата во наредните месеци.

Сенаторот Мекарти ги повика Австралијците да ја „слушаат нивната подобра страна“ во текот на дебатата.

„Малку сум загрижена кога слушам за некои од коментарите“, рече таа.


Red-headed woman in jacket speaks.
Senator McCarthy conceded concern over the tenor of the debate, just moments after Pauline Hanson's (pictured) comments. Source: AAP / Lukas Coch
„Сèуште ги повикувам сите Австралијци да погледнат длабоко во себе, да ја слушаат подобрата страна од себе во текот на оваа дебата и да продолжат со почит“.

„Дури тогаш можеме да го најдеме подобриот дел од себе како земја, подобриот дел од себе како Австралијци“.

Сенаторката Хансон претходно тврдеше дека многу луѓе кои се дел од Украдените генерации „немаше да преживеат“ доколку не беа отстранети од нивните семејства.

„Кога станува збор за Украдените Генераци... Тоа навистина се случи тогаш. Запрашајте се зошто“, рече таа.

Опсежниот извештај „Bringing Them Home“ од 1997 година покажа дека отстранувањето на домородните деца од нивните домови претставува прекршување на човековите права, при што за потомците на земените деца поголема е веројатноста да се соочат со притвор, да имаат здравствени проблеми и имаат помала веројатност да најдат вработување.

Г-дин Албанезе рече дека не ги слушнал коментарите на сенаторката Хансон, но претпоставува дека тие се во согласност со работите што таа ги кажала претходно.

„Немам намера да одговорам на нив, бидејќи мислам дека не заслужуваат одговор од премиерот. Ќе повикам дебата кога ги почитува сите“, рече тој.

„Без разлика на тоа како ќе гласаат, застапниците [треба] да дадат се од себе за да се држат до фактите, да не кажуваат работи кои знаат дека се невистинити“.

Линда Барни вели дека „Гласот“ ќе донесе структурни промени

Референдумите се успешни доколку добијат таканаречено двојно мнозинство - севкупно мнозинство на граѓани и мнозинство гласови во повеќето држави, со исклучок на Северната и Австралиската Главна Територија.

Независниот сенатор Дејвид Покок истакна дека жителите на овие територии немаат еднакво право на глас.

Сенаторот Покок ги опиша обидите на Коалицијата да го претстави референдумот како „Гласот на Канбера“ како „сосема невистинито“.

„Ова е резултат на еден од најконсултативните процеси во историјата на Австралија... Да, ако нешто не е скршено не треба да се поправа. Но, ако нешто е скршено, мора да се поправи. Ова е можност за поправка " тој рече.

Домородниот глас во Парламентот беше едно од барањата на декларацијата "Улуру - Соопштение од срце", издадена од домородните водачи во 2017 година.

Австралијците ќе бидат прашани на референдум подоцна оваа година - со можност да гласаат “да„ или “не„- дали поддржуваат промена на уставот за да се создаде постојано независно тело кое ќе ги советува парламентот и сојузната влада за прашања што ги засегаат домородните Австралијци.

Доколку референдумот е успешен, формулацијата и деталите поврзани со моделот ќе бидат утврдени од страна на пратениците во Парламентот.

Г-ѓица Барни рече дека верува дека предлогот ќе биде решението потребно за подобрување на послабите здравствени и социо-економски резултати и просечниот животен век на Абориџините и островјаните од Теснецот Торес.

Според извештај за целите на националната стратегија „Затворање на јазот“ - кој го следи јазот што постои помеѓу домородните и недомородните Австралијци во однос на здравјето, социјалната и општата благосостојба - само 4 од 19-те цели се на пат да се постигнат.

„Тоа носи структурни промени и ќе го придонесе кон прашања како што се затворање на јазот“, рече таа.

„Моќта лежи во принципите - телото има огромен морален авторитет. Размислете за принципите: ќе биде независно и ќе му дава независен совет не само на парламентот, туку и на [сојузната] влада.„

„Тоа ќе биде одговорно. Ќе биде избалансирано, ќе биде предводено од заедницата и ќе постои во структурите и организациите што постојат сега“.

„Отстранете ја бирократијата од прашањето“

Лидерот на Националната партија, Дејвид Литлпрауд, во ноември минатата година изјави дека неговата партија ќе води кампања против воведување на Глас на домородните народи во Парламентот.

Тој тогаш рече дека не мисли дека предлогот „навистина ќе го затвори јазот“.

Лидерот на Националната партија вели дека тоа сè уште е неговиот став и верува дека вклучување на „Гласот“ во уставот нема да го реши ова прашање.

„Владите вложија повеќе милијарди долари за да се обидат да го решат овој проблем [за затворање на јазот], но ние го сторивме тоа на погрешен начин“, изјави тој за радиото ABC.

„Еднаквоста од секогаш е целта, се работи само за како ќе се постигне тоа“, рече тој, признавајќи дека неговата партија како дел од коалициската влада била дел од проблемот и била неуспешна во нејзиниот пристап за повеќе од 12 години.

„Не успеавме. Не се плашам да кажам дека владите од сите страни беа неуспешни... Ако ја отстранете бирократијата од тоа прашање, ќе можеме да го затвориме јазот.

Тој рече дека одговорот вклучува решенија на нивото на заедницата за кои не е потребен домороден Глас во Парламентот.

„Затоа треба старешините на локалната заедница - не на регионално ниво - да бидат ангажирани и овластени...Бирократите треба да излезат од Канбера и да ги посетат локалните сали и камперски огнови и да ги слушаат тие старешини“.

Share
Published 23 June 2023 2:50pm
By Finn McHugh, Biwa Kwan
Presented by Ana Kotaleska
Source: SBS


Share this with family and friends