Само една недела пред Божиќ, лидерите на австралиските држави и територи побрзаа да воведат нови ограничувања за патување, за патниците од Северните плажи во Сиднеј, каде што групата на коронавирус продолжува да расте.
Епидемијата скокна во нделата на вкупно 70 случаи, откако 30 позитивни тестови беа регистрирани преку ноќ, а изворот на инфекциите сè уште не е познат за властите.
Во саботата, премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, објави дека областа Северни плажи/ Northern Beaches во Сиднеј, повторно ќе влезе во заклучување, почнувајќи од 17 часот во сабота и ќе трае до полноќ во среда.
"Во суштина, само за областа на локалната самоуправа на Северните плажи,ќе се вратиме на ограничувањата што беа на сила уште во март“, рече таа.
Шокантниот пораст на случаите поттикна нови правила за сиднејчаните и за жителите на Нов Јужен Велс, кои се надеваат дека ќе патуваат на меѓудржавно ниво, за време на празниците. Еве што треба да знаете во врска со тоа:
Викторија
На жителите на Сиднеј и неговата поширока околина, вклучително Central Coast/ Централниот брег и Blue Mountains /Сините планини, им е забрането да патуваат во Викторија, со што премиерот Даниел Ендрус го прогласи целиот регион за „црвена зона“.
Секој што ќе влезе во државата по објавата, ќе биде подложен на 14-дневна изолација во карантински хотел.
Викторијците што се враќаат дома, имаат рок до понеделник на полноќ да го сторат тоа, при што се очекува по враќањето да се самоизолираат дома во траење од 14 дена.
Оние кои ќе пристигнат после тоа, исто така, ќе бидат подложени на задолжителна изолација во хотели.
Г-дин Ендрус рече дека овој нов и значајниот чекор е „тешка одлука, но тоа е соодветна одлука“.
Тој рече дека затворањето на границите ќе остане на сила „онолку колку што треба“ и нема да биде укинато кога сегашното заклучување на Северните плажи/ Northern Beaches ќе престане да важи, во среда на полноќ.
Според т.н “систем на семафор”, сите региони на Нов Јужен Велс надвор од Сиднеј и неговата поширока околина, се означени како „зелена зона“, но жителите сепак ќе треба да аплицираат за дозвола за влез во Викторија.
Луѓето кои се веќе во Викторија, а кои биле на Северните плажи по 11 декември треба да се изолираат и да се тестираат.
Квинсленд
Здравствените власти во Квинсленд исто така објавија дека државата ги затвора границите за жителите на Сиднеј и неговата поширока околина, откако властите го етикетираа целиот град како жариште.
Премиерката Анастасија Палашеј во понеделникот попладне рече дека се фатени луѓе кои се обидувале да влезат во Квинсленд без карантин, па категорично затворање на границата со Нов Јужен Велс ќе биде повторно воспоставено почнувајќи од вторник, во 6 часот наутро.
„Ако сте од Сиднеј или неговата поширока околина, сега не е време да патувате во Квинсленд“, рече г-ѓа Палашеј во неделата.
Жителите на Квинсленд кои се наоѓаат во главниот град на Нов Јужен Велс, добија рок до вторник, во 1 часот по полноќ да се вратат дома, но тие ќе треба да бидат тестирани за КОВИД-19 и да останат во самоизолација по пристигнувањето.
Австралиска капитална територија
Австралиска капитална територија бара да влезе во карантин за 14 дена секој што доаѓа од Сиднеј, Централниот брег/ Central Coast, Илавара-Шолхeвен/ Illawarra-Shoalhaven и Непејските сини планини/ Nepean Blue Mountains.
„Ако не сте жител на Австралиска капитална територија и сте биле на кое било од овие места, нашата порака е едноставна, не патувајте во Австралиска капитална територија “, им рече на новинарите во неделата, Главниот службеник за здравствена заштита Керин Колман.
Секој од исто домаќинство со патникот, исто така, ќе биде во изолација, рече таа.
ACT Health нема да ги разгледува барањата за изземање за нерезиденти кои доаѓаат од овие региони, освен во екстремни олеснителни околности, додаде д-р Колман.
„Јас разбирам дека ова ќе биде тешко за многу луѓе и ние дефинитивно не ги носиме лесно овие одлуки.
„Иако нема да ги имаме ограничувањата подолго отколку што треба, треба заедницата да биде подготвена, ова веројатно ќе продолжи и за Божиќ и потенцијално до Нова година.
Западна Австралија
Западна Австралија го враќа своето категорично затворање на граница со Нов Јужен Велс со оглед на димензиите на епидемијата на Северните плажи, објави премиерот Марк Мекгаван.
Од саботата на полноќ, рејтингот на државата за „низок ризик“, за Нов Јужен Велс беше подигнат на ниво „среден ризик“, што значи дека државата ќе ги врати истите строги мерки забележани порано во годината.
Единствените луѓе од Нов Јужен Велс кои ќе можат по 20 декември да долетаат во Западна Австралија, ќе бидат оние со посебни исклучоци.
Г-дин Мекгаван рече дека ова е „тешка одлука“ да се донесе, со оглед на годишното време.
„Разбирам дека ова ќе биде поразителна вест за луѓето кои сакаат да се сретнат со семејството за Божиќ во Нов Јужен Велс“, рече тој.
Северната територија
Северната територија ефективно ја затвори својата граница за патниците од Сиднеј и неговата поширока околина, рече во неделата попладне, вршителот на должноста главен министер, Никол Манисон.
Луѓето од Сиднеј, Сините планини/ Blue Mountains, Централниот брег/Central Coast и Илавара/ Illawarra, по пристигнувањето ќе бидат ставени во 14-дневен карантин.
„Рековме дека приоритет број еден е да ги заштитиме животите на Северната територија и дека ако треба, ќе дејствуваме интензивно, сеопфатно и навремено“, изјави г-ѓа Манисон пред новинарите. „И претходно дејствувавме брзо и денес повторно го правиме тоа.“
Тасманија
Здравствените власти ја назначија локалната самоуправа на Северните плажи во Нов Јужен Велс, за регион со висок ризик, забранувајќи влез во Тасманија на сите патници што биле таму од 11 декември, со исклучок на т.н основни патници.
Од 20 декември на полноќ, Тасманија ќе ја прогласи областа на поширокиот Сиднеј за „среден ризик“. Секој што патува во државата од оваа област, ќе мора да стапи во излоација во траење од 14 дена.
Трката со јахти од Сиднеј до Хобарт е откажана за прв пат во нејзината историја, а организаторите признаа дека граничните ограничувањапредизвикани од епидемијата на коронавирус во Сиднеј, го направија невозможно нејзиното одржување
Јужна Австралија
Јужноавстралискиот премиер Стивен Маршал во неделата објави дека од неделата на полноќ неговата држава ќе ја затвори границата кон Сиднеј и неговата поширока околина. Исто така ќе бидат поставени контролни пунктови за испитување на луѓето за COVID-19 на патните гранични премини во Нов Јужен Велс и на аеродромот во Аделаида.
Сите луѓе од Сиднеј и неговата поширока околина ќе бидат подолжени на задолжителен карантин од 14 дена при пристигнувањето во Јужна Австралија, додека секој што неодамна бил на Северните плажи ќе биде вратен, освен ако не е жител што се враќа дома
Со дополнително известување од ААП.
Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри подалеку од другите. Проверете ги ограничувањата за собирање во вашата држава.
Ако имате симптоми на настинка или грип, останете дома и договорете тест со повик на вашиот лекар или контактирајте ја телефонската линија за здравствени информации за Коронавирус на 1800 020 080.
Вести и информации се достапни на 63 јазици на: sbs.com.au/coronavirus
Проверете ги релевантните упатства за вашата држава или територија: Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд, Западна Австралија, Јужна Австралија, Северна Територија, ACT, Тасманија.