Скот Морисон објави поостри мерки за патување и го прогласи Бризбејн за „жариште на коровавирус“

Премиерот Скот Морисон вели дека мерките за заштита ќе бидат зголемени за да се спречи ширењето на многу преносливата варијанта на коронавирусот од Велика Британија.

National Cabinet will meet again.

Source: AAP

 

Националниот кабинет ги поддржа новите меѓународни и домашни мерки за патување, чија цел е зајакнување на заштитата од КОВИД-19 како одговор на зголемената закана од многу заразната варијанта на коронавирус, кој доаѓа од Велика Британија.

Бризбејн и неговата поширока околина е исто така прогласен за „жариште“ на коронавирус на ниво на Комонвелтот, откако хигиеничар покажа позитивен тест за новата варијанта, испраќајќи го градот во тридневно заклучување.

Според измените, патниците кои летаат во Австралија мора да вратат негативен тест за КОВИД-19 пред поаѓањето, а бројот на патниците на кои ќе им биде дозволено да се вратат исто така  е намален.

Патниците на летовите од Велика Британија исто така ќе бидат предмет на брзо тестирање за новата варијанта на коронавирус пред да се качат на летовите дома.

Маските ќе бидат задолжителни на сите домашни и меѓународни летови и на домашните аеродроми во Австралија - со исклучок на деца под 12 години - и препорачани да се носат на прекуокеанските аеродроми.
„Овој вирус продолжува да ги пишува своите правила, а тоа значи дека мора да продолжиме да бидеме прилагодливи во начинот на кој продолжуваме да се бориме против него“, рече г-дин Морисон.

Ќе има некои исклучоци од барањата за тестирање, како што се сезонски работници од ниско ризични земји каде што има ограничен пристап до тестирање, кои наместо тоа ќе бидат предмет на „прилагодени“ проверки.

Капацитетите за меѓународно пристигнување се намалени до февруари

Ограничувањата на боројот на меѓународните притници кои се враќаат во Австралија се намалени во Нов Јужен Велс, Западна Австралија и Квинсленд за 50 проценти.

Ревидираното ограничување во Нов Јужен Велс ќе изнесува 1.505 луѓе неделно, во Западна Австралија 512 лица неделно и во Квинсленд на 500 луѓе неделно.



Викторија исто така ќе продолжи со капацитет од 490 лица неделно,  откако овоаа бројка на лица на кои им е дозволено да се вратат, претходно беше намален по вториот бран на коронавирус во државата.

На состанокот на државните и територијалните лидери во петокот, националниот кабинет одлучи намалувањето да важи до 15 февруари.

Г-дин Морисон рече дека 80 проценти од Австралијците регистрирани во странство сега се наоѓаат во земји каде е присутна новата варијанта.

„Постојат многу непознати и неизвесности во врска со новиот вид, и затоа затоа веруваме дека овој пристап на претпазливост е многу разумен“, рече тој.
Главниот медицински службеник Пол Кели рече дека „цврстиот, брз и силен“ одговор е насочен кон отстранување на ризиците што ги носи новиот високопренослив коронавирус.

„Нашето главно прашање е да ги чуваме Австралијците безбедни и навистина да се осигураме дека овој посебен вид не е оној што кружи во Австралија“, рече тој.

„Причината е затоа што ќе биде многу потешко да се контролира”.

Ситe лица во карантин од сега исто така ќе бидат тестирани секојдневно.

Меѓународниот авионски екипаж мора да помине тест КОВИД-19 во Австралија на секои седум дена или при пристигнување и ќе треба да се изолира во наменски објекти помеѓу летовите.

Околу 38.000 лица во моментов се регистрирани во Одделот за надворешни работи и трговија, кои сакаат да се вратат од странство.

 

 


Share
Published 9 January 2021 8:42pm
Updated 11 January 2021 12:31pm
By Tom Stayner
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends