Прославите на Новата година ќе бидат различни годинава. Ова е водич за секоја австралиска држава, за тоа што можете и што не можете да правите

Огнометите се откажани во неколку поголеми градови, а ограничувањата врзани за социјално растојание се воспоставени во повеќето држави и територии.

Fireworks explode above the Sydney Harbour Bridge during New Year's Eve celebrations in Sydney, Wednesday, 1 January, 2020.

Fireworks explode above the Sydney Harbour Bridge during New Year's Eve celebrations in Sydney, Wednesday, 1 January, 2020. Source: AAP

Австралијците годинава ќе се соочат со повоздржани новогодишни прослави, со оглед на пандемијата на коронавирус која придонесе да бидат задржани ограничувањата  на сила во поголемиот дел од земјата.

Многу настани со огномет се откажани, воведени се ограничувања за бројот на гости во домаќинствата, и на луѓето им е кажано да не ги бакнуваат или прегрнуваат другите, додека го слават крајот на годината што за многумина беше стравотна.

Со оглед на бројните ограничувања, еве водич за тоа што можете и што не можете да направите денеска.

Нов Јужен Велс

nye nsw
Source: SBS News
Нема да има семеен огномет во 21 часот околу пристаништето во Сиднеј, но ќе има на полноќ, краток настан со огномет од мостот the Harbour Bridge. Најдобро е да се проследи на телевизија, бидејќи пристапот за пошироката јавност ќе биде оневозможен во сите области во т.н „Зелена зона“/ Green Zone.

Исклучок се жителите на “Зелената зона”, луѓе со резервации за ресторани или работници.

Исто така, околу “Зелената зона” се воспоставува т.н. „Жолта зона“.
Ако живеете во пошироката околина на Сиднеј (која ги вклучува Волонгонг/Wollongong, Централниот брег/Central Coast и Сините планини/Blue Mountains), ќе ви биде дозволено во Вашиот дом да имате најмногу до пет гости, вклучувајќи ги и децата.

Исто така, за надворешни собири е дозволено најмногу до 30 лица, што е помалку од претходно дозволените 50 лица.

Жителите кои живеат во северната зона на Северните плажи/the Northern Beaches остануваат под строги наредби за престој дома најмалку до 9 јануари. Сепак жителите добиваат ослободување на новогодишната ноќ, што им овозможува во нивните дом да примат до пет лица, вклучително и деца, од истиот регион.

 

Направени се измени во постојниот ред за јавно здравје.

Важно е секој да разбере што можете и што не можете да направите.

За повеќе информации, посетете:
На оние што се наоѓаат во јужната зона на Северните плажи, исто така, ќе им биде дозволено да бидат домаќини на најмногу пет лица, вклучително и деца, во нивниот дом, исто така од истата зона, но нема да им биде дозволено да примат гости од пошироката околина на Сиднеј.
Баровите, рестораните и угостителските објекти во двете зони на Северните плажи/the Northern Beaches  ќе останат отворени само за достава на храна.

Надвор од Сиднеј, проверете со Вашата локална општина за да видите што планирале и какви ограничувања и упатства има на сила.

Квинсленд

Главниот огномет на Бризбејн е откажан, а исто така се советува да не се бакнувате и прегрнувате со непознати лица.

„Сите сакаме на новогодишната ноќ да се бакнеме или прегрнеме со најблиската личност, јас би предложила тоа да го ограничете на Вашите познати блиски пријатели и семејство“, рече на почетокот на неделава главната службеничка за здравство д-р Џанет Јанг.

Домаќинствата можат да имаат до 50 гости, вклучувајќи ги и станарите во куќата.

Дозволени се и надворешни собири до 100 лица

Викторија

Денеска од 17 часот Викторијанците ќе мора да носат маска во затворено, ако се надвор од своите домови.

На Викторијанците исто така ќе им биде дозволено само до 15 гости во нивниот дом, со ограничувања за собирање во домаќинства, со што се преполови бројот на досега дозволените 30 лица.

Викторијанците кои допатуваа во Волонгонг или Сините планини по 27 декември, можеби ќе мора целосно да ги откажат своите планови за Нова година и ќе имаат рок до вечерва до 23.59 часот да се вратат во Викторија.

Патниците исто така ќе аплицираат за нова дозвола за патување за да се вратат, да се тестираат во рок од 24 часа и да се изолираат дома во траење од 14 дена.

Годишниот огномет во Мелбурн над реката Јара е откажан и државната влада ги повика луѓето да се држат настрана од Централниот бизнис дистрикт/CBD на Мелбурн, велејќи дека само на оние со резервации во градот ќе им биде дозволено да влезат.

Барови, ресторани и други простории како ноќни клубови се отворени, но со ограничување на бројот на посетители.

Западна Австралија

Ќе има разни огномети низ државата од 20 часот па наваму - целиот список може да го погледнете тука - 

Државата нема дозволен максимален број на лица за собири, под услов да нема повеќе од една личност на секои два квадратни метри.

Јужна Австралија

Огнометот е откажан во Аделаида, но тие сепак ќе се одржат во локалните општини на мостот Мареј/Murray Bridge, Вајала/ Whyalla, пристаништето Виктор/Victor Harbour и пристаништето Линколн/Port Lincoln.

Домашни собири до 50 лица се дозволени, под услов да нема повеќе од една личност на секои два квадратни метри.

До 200 лица можат да се соберат на место за приватен настан, доколку се во согласност со истото правило за густина на квадратна површина.

Од денеска, четврток( 31/12/2020) на полноќ, на жителите на Нов Јужен Велс  нема да им биое дозволено да влезат од Јужна Австралија, објави јужноавстралискиот премиер Стивен Маршал.

Тампон-зона од 100 километри ќе биде воспоставена за прекугранични заедници, а ќе има и некои исклучоци за жителите што се враќаат, оние кои трајно се преселуваат или основните работници. Сепак, сите ќе треба да се изолираат во траење од 14 дена.

Тасманија

Хобарт ќе ја пречека Новата година со огномети во реката Дервент/the River Derwent во 21.30, и на полноќ. Годинава, сепак, огнометот ќе биде прикажан на многу поголема височина од вообичаеното, за да биде видлив од повеќе места.

Тасманија има правило од два квадратни метри, но со горна граница од 250 лица за неразделен простор во затворени простории.

На отворено, на 1.000 луѓе им е дозволено да се соберат во сали или простории.
Hobart City fireworks
Hobart City fireworks Source: Hobart City Council

Австралиската капитална територија

Втора година по ред нема да има огномет во главниот град на Австралија (минатата година тие беа откажани поради пожарите).

Наместо тоа, жителите се повикуваат да слават во локалните ресторани со празнични осветувања на различни места.

Австралиската капитална територија нема ограничувања за бројот на посетители што луѓето можат да ги примат во нивниот дом.

Надворешните собири во главниот град Канбера се ограничени на најмногу 500 луѓе, каде што може да се запази правилото од два квадратни метри.

Северната територија

Нема ограничувања за тоа колку луѓе можат да се соберат на затворено или на отворено во Северната територија, но сепак се препорачува луѓето да останат на 1,5 метар оддалеченост од луѓето со кои не живеат постојано.

 

Share
Published 31 December 2020 5:29pm
Updated 12 August 2022 3:10pm
By Jarni Blakkarly, Rashida Yosufzai
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends