По нејзиното објавување во неделата, новата владина апликација за следење на КОВИД-19
Владата ја охрабрува јавноста да ја инсталира апликацијата која има за цел да им помогне на здравствените службеници брзо да ги идентификуваат сите што дошле во контакт со потврден случај на коронавирус.
Апликацијата тоа го прави со користење на Bluetooth технологија за да се евидентираат во кое било време корисници на апликацијата кои поминуваат повеќе од 15 минути заедно на растојание од 1,5 метри едни од други. Ако на корисникот на апликацијата му е дијагностициран коронавирус, тие можат да се согласат да ги споделат своите неодамнешни контакти со здравствените власти.
Ако доволно Австралијци ја преземат апликацијата, здравствените експерти велат дека тоа може да има огромно влијание во борбата за справување со коронавирусот. Во меѓувреме, експерти за технологија и заштита на лични податоци изразија загриженост во врска со податоците што ќе ги собира апликацијата.
Минатата недела пред објавувањето на апликацијата, објаснивме Сега кога COVIDSafe е достапен за преземање, еве што експертите велат за тоа дали да ја отфрлите или треба да ја инсталирате.
Експертите за софтвер ја имаат тестирано апликација COVIDSafe. Еве што откриле.
Пред да се објави COVIDSafe, експерти за технологија и приватност ја повикаа Aвстралиската влада да го објави целосниот код со инструкции за апликацијата, што ќе им овозможи на независните експерти да најдат проблеми, да понудат решенија и да потврдат дека апликацијата функционира како што ветува владата.
Владата сè уште не го објавила тој код со инструкции, иако сојузниот министер за здравство Грег Хант изјави за АБЦ во понеделникот
Во неделата, Метју Робинс кој работи на изработка на софтвери успешно го презеде програмскиот код на апликацијата за верзијата на Android.
Робинс работи во технологијата околу 10 години и се фокусираше на развој на апликации во последните осум години. Тој не е експерт за приватност - ќе дојдеме до тоа - но тој знае многу за тоа како да изработи апликации и како тие работат и дали го прават она што го вели владата. Во текот на изминатите 24 часа, тој и другите експерти за софтвер ја испитуваа апликацијата COVIDSafe за да научат што можат повеќе за неа.
Многу од овие откритија се прилично позитивни: на Твитер, Робинс потврди дека апликацијата функционира како што се очекуваше, чувајќи ги податоците безбедно на телефонот на корисникот. Тие снимаат само сигнали од други телефони кои исто така имаат инсталирано апликација, автоматски ги брише сите записи по 21 ден и само здравствените власти можат да ги користат податоците ако корисникот даде дозвола.
Апликацијата исто така не запишува локација на корисник (ако сте корисник на Android и добивате порака со која се бара пристап до податоците за локација кога ја инсталирате апликацијата, ова е несреќа за Android - кога ќе побарате вид на Bluetooth пристап до апликација како оваа која ви е потребна, автоматски бара и дозвола за локација. COVIDSafe сè уште не ги снима или користи податоците за локацијата).
Робинс изјави за The Feed дека ја декомбилирал апликацијата во слободно време затоа што бил љубопитен, но рече дека е задоволен од тоа што го видел.
„Податоците што ги собираат, заради недостаток на подобра фраза, се релативно бенигни“, рече тој. „Јас сум прилично сигурен во тоа како е изградена апликацијата“.
Робинс издвојува неколку работи како мали грешки, но тој ги издвојува заради брзината со која владата вршеше притисок да ја објави апликацијата.
И додека тој сè уште би сакал да види владата да го објави целосниот код со инструкции за апликацијата - вклучително и за апликацијата iOS, што е потешка отколку верзијата со Андроид - во целина вели Робинс дека не наидува на поголеми црвени знамиња.
„Мислам дека е апсолутно вредно да се инсталира“, вели тој.
Голем број други искусни експерти за софтвер, исто така, го разгледаа програмскиот код и ги охрабруваат Австралијците да ја инсталираат апликацијата.
Доколку сте заинтересирани за поситни технички детали, софтверскиот инжинер Џеф Хантли, детално ја документира
Апликацијата е активна 24 часа. Кои проблеми се откриени?
Досега се идентификувани неколку потенцијални проблеми со апликацијата COVIDSafe.
Најпрво да се затвори клучната грижа, дали корисниците разбираат како да обезбедат апликацијата да работи на нивниот телефон. Апликацијата мора да се чува отворена и активна за да работи - можете да користите други апликации на вашиот телефон, но COVIDSafe треба да остане отворена во позадина додека сте надвор.
Некои експерти изразија загриженост дека Кога iPhone влегува во режим на ниска моќност, или кога премногу различни апликации користат Bluetooth, можно е COVIDSafe да престане да работи.
До денес, владата понуди спротивставени совети за тоа што треба да направат корисниците за да проверат дали функционира апликацијата. Во моментов, ги советува корисниците на iOS дека доколку нивната апликација не работи најмалку 24 часа, тие ќе добијат известување со упатства за решавање на проблемите.
Исто така, тешко е да се каже во овој момент дали апликацијата ќе ја истроши батеријата на вашиот телефон, експертите се поделени, а ќе видиме во наредните денови.
Овие проблеми не претставуваат загриженост за безбедноста за корисниците на апликацијата, но може да влијаат на ефективноста на апликацијата доколку не се решат. Уште еднаш, експертите повикуваат на објавување на кодот со инструкции за апликацијата за iOS за да можат да разгледаат проблеми со перформансите и да предложат поправки каде што е можно.
Дали безбедносните експерти сè уште имаат загриженост во врска со апликацијата COVIDSafe?
Експертите за безбедност сè уште се загрижени во врска со апликацијата COVIDSafe. Што се однесува до тоа дали тие безбедносни проблеми треба да ве спречат да ја инсталирате апликацијата, експертите велат дека тоа навистина зависи од вашите индивидуални околности. Еве зошто.
Минатата недела, пред да биде објавена апликацијата, The Feed разговараше со експертот за приватност, професорот Дали Кафар, кој е извршен директор на Optus Macquarie University Cyber Security Hub. Професорот Кафар истакна бројни од кои многумина сè уште се применуваат денес.
Една клучна загриженост што ја покренаа Кафар и други експерти е фактот дека податоците собрани од апликацијата ќе бидат поставени на централен сервер. Како што изјави професорот Кафар за The Feed, секој што има пристап до централниот сервер на една ваква апликација има пристап до огромен број на информации. Ако тој сервер е пробиен или до него има пристап некој злонамерен, во тој случај има многу нешта што можат да се сторат со овие информации.
По објавувањето на апликацијата, други експерти за приватност, како што е вонредниот професор на ANU Associate, Ванеса Теге, посочија други поединости во врска со На пример, австралиската апликација ги има моделите на различните телефони и уреди што ги среќава со обичен текст, читлив за секого со пристап до телефон и малку технолошко знаеење.
„Иако може да изгледа невино, но ист модел на телефон како со личноста во контакт би можело да биде исклучително за откривање на информација“, напишаа Теге и неговите колеги во нивниот блог во понеделникот.
"Да претпоставиме дека некое лице сака да разбере дали друго лице до чиј телефон имаат пристап има посетено одредено место за меѓусебно дружење. Лицето за контрола може да ги прочита логирањата на COVID Safe и да открие дали телефонските модели одговараат на нивната хипотеза."
„Иако не е многу употребливо за сугерирње на одреден идентитет, би било многу важно да се потврди или побие теоријата за средба со одредена личност“.
Професорот Кафар е исто така загрижен дека централната власт може да добие повеќе информации отколку што корисникот ги ослободува. Како што објаснува Кафар, ако на лицето А му се дијагностицира коронавирус и се согласи да ги постави своите контакти, може да открие дека неодамна се дружел со лице Б и со личност Ц. Централните власти сега ќе знаат дека лице Б и лице Ц се сретнале, но ниту еден од нив двајцата не се свесни дека овие информации се споделени.
Ова, вели професорот Кафар, е местото каде доаѓаат индивидуалните околности.
„Оваа информација можеби не е чувствителна за многу луѓе, но може да биде навистина важна за другите. На пример, двајца политичари од две различни политички партии кои се состануваат, или состанок на новинари и политичари“.
Професорот Кафар вели дека многу од овие проблеми со приватноста би можеле да се поправат со релативно мали измени во апликацијата. Меѓународната коалиција на експерти, исто така, истакна дека е можно да се создаде
Додека не се направат тие промени, професорот Кафар изјави за The Feed дека тој лично нема да ја инсталира апликацијата, но тој не е баш сигурен што да ги советува и како да постапат другите Австралијци.
„Без разлика дали би препорачал да се инсталира или не, навистина не знам - всушност сметам дека е навистина незгодно прашање“, рече тој.
„Мислам дека владата ги зеде предвид перспективите за приватноста, но не ги погоди некои од најголемите. Се обиде да има добри намери, како, на пример, да не увери дека локацијата не е собрана и дека податоците дефинитивно ќе бидат отстранети по 21 ден “.
Мислам дека една важна работа е дека приватноста е многу лична. Некои информации за локацијата можат да бидат навистина чувствителни за некои луѓе, а за други можат да бидат целосно ирелевантни“.
„Тука не можам да дадам бинарна препорака, но ќе седам и чекам. Потребна е малку поголема транспарентност од аспект на технологијата и законодавството“.
Дали треба да инсталирам COVIDSafe?
Со апликацијата COVIDSafe се брзаше со причина, ние сме среде пандемија. Ако сакаме повторно да започнеме со отворање на општеството, клучно е да се идентификува секој кој можеби бил изложен на нов случај на КОВИД-19.
Ако доволно Австралијци ја преземаат оваа апликација и ја користат правилно, можно е дека навистина ќе помогне во овој поглед. Но, за да може апликацијата да биде ефективна, владата вели дека најмалку 40 проценти од Австралијците треба да ја користат, ако не и повеќе. Тоа е близу 10 милиони луѓе кои треба да се регистрираат. Од понеделник вечер, има срамежливи два милиони.
Вашата лична одлука за тоа дали да ја користите апликацијата веројатно ќе зависи од тоа што ви значи приватноста - и како што истакна професорот Кафар, ова е личен избор.
Она што ме фрустрира најмногу во ваква дебата е ставањето на ова како дилема помеѓу „ помагање на луѓето “ и „ приватноста “, рече тој. „Навистина е многу лошо да се позиционираме како луѓе што се грижат за приватноста да бидат себични, додека другите се во ред“.
Дејвид Вeјл е водечка личност за заштита на податоците и надзор во Allens Hub for Technology, Law and Innovation at UNSW. „Во принцип за вакво нешто што потенцијално создава централизиран магазин на информации од социјални графикони, потпирајќи се на правни и технички решенија за заштита, би советувал претпазливост“, рече тој. „Загриженоста за јавното здравство сепак е исто така многу важно, поради што е тешко“.
Ако на крај одлучите дека COVIDSafe сега не е за вас, запомнете дека има потенцијал и простор ова многу да се промени бидејќи апликацијата се ажурира и подобрува. Ќe ве информираме за сите промени.
Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите и собирите се ограничени на две лица, освен ако не сте со вашето семејство.
Ако верувате дека сте заразени со вирусот, јавете се на вашиот лекар (не посетувајте го) или јавете се на Националната телефонска линија за здравствени информации за Коронавирус на 1800 020 080. Ако имате тешкотии со дишењето или потреба од итна медицинска помош, јавете се на 000.
СБС е посветен на информирање на различните заедници во Австралија за најновите случувања КОВИД-19. Вести и информации се достапни на 63 јазици на