Feature

Услуги за ментално здравје на македонски јазик во Австралија

Луѓето кои живеат во Австралија и кои зборуваат друг јазик освен англиски јазик (LOTE speakers) понекогаш имаат потреба од пристап до услуги за поддршка на менталното здравје на нивниот јазик. Дознајте како можете да пристапите до нив во вашата држава или територија.

Man in mask

Source: Getty Images

Услугите за ментално здравје се достапни на различни јазици низ целата земја и најчесто со нив се управува на државно ниво.

Постои широк опсег на ситуации кога тие се потребни, од страдање поради психички здравствени предизвици предизвикани од коронавирусот, депресија и вознемиреност, па се до ментални болести како биполарно растројство, посттрауматски стрес, нарушувања на личноста или психоза.

Во повеќето случаи, овие организации немаат свои преведувачи, па затоа ја користат националната служба за услуги за превод и толкување финансирана од владата - TIS-Translating and Interpreting Service - TIS  , која обезбедува пристап до телефон и услуги за преведување и толкување на над 150 јазици.

е проект кој го спроведува Mental Health Australia, и е фокусиран на ментално здравје за луѓе од различно културно и јазично потекло (CALD), обезбедувајќи пристап до ресурси, услуги и информации во културно достапен формат.

Форумот на австралиски услуги за преживеани од тортура и траума (FASSTT)- The Forum of Australian Services for Survivors of Torture and Trauma (FASSTT) е мрежа од осум специјализирани агенции за рехабилитација во Австралија, кои работат со преживеани од тортура и траума, кои пристигнале во Австралија од странство. Повеќето клиенти на агенциите на FASSTT пристигнале во Австралија како бегалци или под хуманитарна категорија. Во секоја држава и територија во Австралија постои по една агенција членка на FASSTT:

 Услуги за ментално здравје и помош на национално ниво

Нов Јужен Велс

Телефонска линија за ментално здравје на НЈВ - NSW Mental Health Line

Линијата за ментално здравје е достапна за сите во Нов Јужен Велс и работи 24 часа на ден, седум дена во неделата на 1800 011 511

Транскултурен центар за ментално здравје (TMHC) - (Transcultural Mental Health Centre (TMHC)

Оваа државна служба промовира пристап до услуги за ментално здравје за луѓе со различно културно и јазично потекло (CALD), обезбедува консултации и проценки во клиники, унапредување на менталното здравје, обеубедува ресурси, едукација и обука.

TMHC обезбедува бесплатни услуги користејќи двојазични лекари за лица и семејства кои се поврзани со услуга за ментално здравје во Нов Јужен Велс. Потребен е упат од локалниот тим за ментално здравје за пристап до услугата. Превод од TIS е достапен на / за јазици што не ги зборуваат од персоналот на TMHC.

 

Услуги за третман и рехабилитација на преживеани од тортура и траума, STARTTS - Service for the Treatment and Rehabilitation of Torture and Trauma Survivors, STARTTS

 

STARTTS обезбедува релевантен психолошки третман и поддршка, плус интервенции во заедницата за да им помогне на луѓето и заедниците да лекуваат лузни од траумите на бегалците, обновувајќи ги нивните животи во Австралија.

Превод и толкување од TIS е достапно на / за јазици кои персоналот на STARTTS не ги зборуваат.

Викторија

Foundation House за преживеани од тортура - Foundation House for Survivors of Torture

Оваа организација нуди бесплатни услуги за бегалците или лицата бегалци со потекло: англиско, арапско, бурманско, хака чин, дари, динка, карен, иранско, свахили, тамилско и тигринија.

Откријте дали ги исполнувате критериумите за пристап до овие услуги овде: https:

Превод и толкување од TIS е достапно на за јазици што не ги зборуваат во персоналот на TIS.

Викторија исто така има адресар за информации за менталното здравје на различни јазици. Тоа е иницијатива на Викторијанската влада и управувана од центарот за култура, обезбедувајќи лесен пристап до широка колекција преведени здравствени информации: /

Уште две викторијански организации нудат обука во областа на менталното здравје, но не им даваат директна поддршка на поединците:

Акција за инвалидитет во етничките заедници (ADEC) - Action on Disability in Ethnic Communities (ADEC)

ADEC вклучува програма за пристап до транскултурно ментално здравје (TMHAP) за да го подобри пристапот за услуги за ментално здравје за лица од мултикултурна припадност. Тие работат со етничките заедници за да ја подигнат свеста за проблемите со менталното здравје и начините за пристап до менталното здравје и услугите од негуватели.

Тие исто така им помагаат на услугите за ментално здравје со развивање на културно одговорни модели и стратегии за ангажирање на етничките заедници

Викториско транскултурно ментално здравје (VTMH)-Victorian Transcultural Mental Health (VTMH)

Порано позната како Викторијанска транскултурна психијатријаска единица (VTPU), сега VTMH е единица на Викторија која ги поддржува услугите за ментално здравје и услуги за поддршка на психијатриска попреченост за професионалци кои работат со културно и јазично разновидни (CALD) корисници и негуватели.

Исто така вклучува и анкета за практиканти, услуги и развој на заедницата, образование, програми за учество на корисници и негуватели, но нема услуги директно за поединци:

Квинсленд

Центар за транскултурно ментално здравје на Квинсленд (QTMHC) - Queensland Transcultural Mental Health Centre (QTMHC)

QTMHC е специјализирана државна служба која работи за да им обезбеди на луѓето од различно културно и јазично потекло (CALD) да добијат културно одговорна ментална здравствена заштита и поддршка.

Обезбедува превод на информации: , како и пристап до професионалци, преку локални координатори за ментално здравје:

Програма за помош на преживеаните од тортура и траума во Квинсленд (QPASTT)-Queensland Program of Assistance to Survivors of Torture and Trauma (QPASTT)

QPASTT обезбедува флексибилни и културно чувствителни услуги за промовирање на здравјето и благосостојбата на луѓето кои биле измачувани или кои претрпеле траума поврзана како бегалци пред да мигрираат во Австралија.

Тие обезбедуваат бесплатна психолошка и социјална поддршка за преживеаните, вклучително и советување:

World Wellness Group

World Wellness Group со седиште во Бризбејн вклучува серија програми за заедниците на CALD:

  • Програма за мултикултурна психолошка терапија: достапна до луѓе од различно културно и јазично потекло (CALD) со потекло во регионите на Бризбејн север и југ. Тие нудат културно безбедни и чувствителни структурирани психолошки интервенции за лица со блага до умерена ментална болест:
  • Здравјето на бегалци и баратели на азил: обезбедува културно безбедна, холистичка, семејно ориентирана и интегрирана грижа за ранливите луѓе за да ја намали долгорочната здравствена нееднаквост:
  • Здравствени услуги за меѓународни студенти: како специјалисти во здравството за луѓе со различно културно потекло, можност да меѓународните студенти  да користат надворешно здравствено осигурување за студенти (OSHC), кои доаѓаат од различно културно потекло:
  • Culture In Mind е програма во заедниците која обезбедува психо-социјална поддршка на културно и јазично разновидни (CALD) луѓе од 18+ години, кои живеат во регионот на Greater Brisbane.
Harmony Place 

Harmony Place е невладина мултикултурна организација со седиште во заедниците, која обезбедува културно чувствителни услуги за ментално здравје за луѓе од различно културн и јазично потекло (CALD). Тие работат со лица над 12 години, вклучувајќи мигранти и нивни деца, бегалци, баратели на азил, квалификувани мигранти и нивните сопруги. Тие работат низ Квинсленд, со посебен акцент на културно разновидните региони на Југоисточен Квинсленд,  Бризбејн, Логан, Ипсвич и Голд Коуст.

Телефонска линија за ментално здравје - Mental health line


1300 MH CALL (1300 642255) е доверлива телефонска служба за ментално здравје за жителите на Квинсленд која го обезбедува првиот контакт за понатамошен контакт со јавните услуги за ментално здравје.
Превод и толкување од TIS е достапно на

Северна Tериторија

MHACA (Централна Австралија)

Услугите на MHACA се достапни за лица постари од 18 години со дијагностицирана состојба на ментално здравје. Услугите за преведувачи се достапни со закажување, а персоналот вклучува кинески, урду, ирски и хинди преведувачина :

TeamHealth (Дарвин) 

TeamHealth обезбедува услуги и поддршка на локалното население на СТ кои имаат грижа за ментално здравје или се ранливи и обесправени на : . Превод и толкување е достапна преку TIS. Интернет-страницата има автоматска услуга за превод на повеќе од 80 јазици:

Центар за бегалци во Мелалука - Melaleuca Refugee Centre 

Оваа непрофитна организација обезбедува достоинствени  хуманитарни услуги на лица и семејства од бегалци и мигранти. Тие обезбедуваат бесплатни услуги за семејства, возрасни, деца и млади на :

Коалиција за ментално здравје на Северната Територија (NTMHC) - The Northern Territory Mental Health Coalition (NTMHC)

NTMHC е врвно тело за услуги за ментално здравје раководено од заедниците низ Северната територија

Телефонска линија за ментално здравје на Северната Територија: 1800 682 288

До државните служби за ментално здравје може да се пристапи преку Mental Health Helpline и овие услуги користат услуги од преведувачи кога е потребно на:

Западна Австралија

Здружение за услуги на преживеани од тортура и траума (ASETTS) - Association for Services to Torture and Trauma Survivors (ASeTTS)

ASeTTS Обезбедува холистички услуги за да им помогне на бегалците кои преживеале тортура и траума да ги обноват своите животи, со услуги на следниве јазици: арапски, динка, карен и кирунди на:

Центар за транскултурално ментално здравје на Западна Австралија - West Australian Transcultural Mental Health Centre

Оваа услуга е достапна само во Royal Perth Hospital како и до три сесии откако пациентите ќе бидат отпуштени од болницата. Преведувачите се достапни лично или преку телефон на:

Тасманија

Феникс центар - Phoenix Centre

Центарот Феникс работи во рамките на мигрантскиот ресурсен центар и нуди специјализирани услуги за преживеани од тортура и траума. Обезбедува советување и широк спектар на обуки и проекти кои го поддржуваат здравјето и благосостојбата на поединците и заедниците. Центарот Феникс има персонал со седиште во Хобарт и Лаунчестон и обезбедува услуги низ целата земја на:

Услугите за ментално здравје на владата на Тасманија обезбедуваат грижа за жителите со тешки ментални здравствени услови во болничките установи и во заедницата, директно од владините клиники или преку давателите на здравствени услуги, приватни специјалисти и установи, како и матични лекари.
За информации за тоа како да пристапите до услугите за ментално здравје, одете на: The assessment and referral call helpline is 1800 332 388

Австралиска капитална територија (ACT)

Companion House, за помош на преживеаните од тортура и траума - Companion House, Assisting Survivors of Torture and Trauma 

Обезбедува услуги за советување и помога на работниците за поддршка да работат со барателите на азил и бегалците, Companion House има за цел да им помогне на луѓето да ги обноват своите животи во Австралија, да се справуваат со тешки животни ситуации и да работат на ефектите од траумата во минатото.

Советниците работат со новопристигнати лица и со подолгорочни доселеници и имаат специјалисти за работа со возрасни, деца и млади на:

Владата на Австралиската Капитална Територија има услуги за ментално здравје со криза до која може да се пристапи преку телефон (1800 629 354 или 02 6205 1065) или преку оваа веб-страница:

Јужна Австралија

Relationships Australia

Услугата за лично образование и зајакнување на заедницата (PEACE) е насочена кон служење на мултикултурните заедници сo потекло од CALD . Без оглед на нивниот визен статус, PEACE обезбедува услуги што им помагаат на поединци, семејства и заедници:

Помош и рехабилитација за преживеани од тортура и траума, (STTARS) - Survivors of Torture and Trauma Assistance and Rehabilitation Service, STTARS

STTARS е специјализирана услуга која нуди советување за лица со бегалско потекло и бегалци, за да ги поддржат во процесот на закрепнување и заздравување. Услугите се бесплатни и може да се пристапи без разлика колку долго некое лице било во Австралија. Постои список на чекање за услугите STTARS, а приоритет им се дава на оние со најголеми потреби.

Услугата STTARS е бесплатна, доброволнa, доверлива и се спроведува со квалификувани советници и преведувачи.

Тие имаат дополнителни програми специјализирани за деца и млади, семејства и баратели на азил на:

 

Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите. Какви ограничувања постојат за вашата држава или територија проверете на: 



Тестирањето за коронавирус сега е широко достапно низ Австралија. Доколку имате симптоми на настинка или грип, закажете тест повикувајќи го вашиот лекар или јавете се на телефонската линија за здравствени информации за коронавирус на 1800 020 080.

Апликацијата за следење на коронавирус на Сојузната влада и од апликацијата на вашиот телефон.

СБС е посветена на информирање на различните заедници во Австралија за најновите случувања на COVID-19. Вести и информации се достапни на 63 јазици на 





 
 



 


Share
Published 7 June 2020 9:22am
Updated 14 July 2021 10:36pm
By SBS/ALC Content
Source: SBS


Share this with family and friends