ФИФА Светското првенство во фудбал 2022, започнува на 21 ноември 2022 година и ќе биде бесплатно преносувано на СБС во Австралија. Сите 64 натпревари од првенството ќе можете да ги слушате во живо и бесплатно на:
- DAB Дигитално радио
- Онлајн на
- SBS Radio мобилна апликација |
Како да слушате
Скенирајте ги и најдете ги нашите радио станици наменети за ФИФА Светското првенство 2022, SBS Football 1, 2 и 3 на вашето DAB дигитално радио, или преку бесплатната мобилна апликација SBS Radio, за да го слушате секој натпревар во живо на англиски и на други јазици.
- SBS Football 1(достапно сега): Коментар на англиски во живо на секој натпревар за време на првенството, плус музика со тематска содржина од минатите Светски првенства.
- SBS Football 2 и 3 (започнувајќи од 14 ноември): Коментар во живо на јазици на тимовите кои се натпреваруваат во секој натпревар.
- SBS Arabic24: Коментар во живо на секој натпревар на арапски.
Коментарите се обезбедени од партнерите за емитување на ФИФА Светското првенство од целиот свет и ќе бидат достапни на платформите на СБС на арапски, шпански, португалски, француски, германски, холандски, хрватски, полски, јапонски, корејски, персиски и англиски јазик.
За време на Светското првенство во фудбал (21 ноември до 19 декември) SBS Radio 3 ќе стане SBS Football 2 - обезбедувајќи јазични коментари за секој натпревар. За да продолжите да ги слушате програмите на BBC World Service во овој период, посетете ја за да пристапите до преносот во живо на веб-страницата.
Фудбалски химни
Во паузите меѓу натпреварите во живо, ќе можете да слушате непрекинато хитови со фудбалска тема, вклучително и официјални песни од минатите првенства и некои од најдобрите (и најлошите) репрезентативни песни. Започнете го вашето искуство со Светското првенство рано и слушајте го SBS Football 1 во живо сега, на DAB дигитално радио или на веб-страницата на SBS Radio.
Светско првенство на ФИФА 2022 година, датуми и време
- Групна фаза: 21 ноември - 3 декември
- 16-ет финални натпревари: 4 - 7 декември
- Четврт-финални натпревари: 10-11 декември
- Полуфинални натпревари: 14 - 15 декември
- Натпревари за 3-то и 4-то место: 18 декември
- Финале на Светското првенство: 19 декември
Во јазичните партнери за емитување се вклучени: BAND, beIN, RTP, ARD, SRF, RNE, Radio Oriental Montevideo, HRT, RFI, NHK, NOS, VRT, Polskie Radio, Seoul Broadcasting System.
Како да гледате
Гледајте го секој натпревар од Светското првенство на ФИФА 2022 ВО ЖИВО и БЕСПЛАТНО на SBS и
Гледајте ФИФА Светско првенство 2022 година, на ТВ
SBS и SBS VICELAND ќе бидат ексклузивен бесплатен дом за сите 64 натпревари, со вкупно 500 часа содржина на Светскиот куп на ФИФА што ќе се емитуваат на двата канали во текот на турнирот.
Гледајте Светско првенство на ФИФА 2022, преку SBS On Demand
Направете ваш профил на за да ги гледате сите 64 натпревари од Светското првенство во фудбал 2022 во живо и бесплатно во секое време на вашиот омилен уред.
Гледајте го Светското првенство бесплатно преку , поврзаните телевизори или преку нашите апликации во и