Од понеделник, 4 јануари, неносењето маска носи казна од 200 австралиски долари. И покрај тоа што децата под 12 години не се обврзани на тоа, каде што е можно, властите на Нов Јужен Велс го охрабруваат секого да носи маска.
Од целиот персонал во угостителството и казината исто така се бара да носи маска.
Местата за богослужба, свадби и погреби се ограничени на 100 лица, и им се наметнува правило на едно лице на четири квадратни метри. Ноќните клубови се целосно забранети. Часовите во теретана се намалени на 30 лица од 50.
Настапите и протестите на отворено се сведени на максимум 500 луѓе, а собирите во места со седиштата, билети, како и надворешни собири во заграден простор на 2000 лица.
Проверете ги последните упатства за Вашата држава или територија:
- Нов Јужен Велс
- Викторија
- Квинсленд
- Западна Австралија
- Јужна Австралија
- Северна територија
- Австралиска капитална територија
- Тасманија
Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри подалеку од другите. Проверете ги ограничувањата за собирање во Вашата држава или територија. Ако имате симптоми на настинка или грип, останете дома и договорете тест со повик на Вашиот лекар, или контактирајте ја телефонската линија за здравствени информации за Коронавирус на 1800 020 080. Вестите и информациите се достапни на 63 јазици на .