• Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека сеопфатните забрани не го спречуваат ширењето на варијантата Омикрон, туку ставаат „тежок товар врз животите и егзистенцијата“ на луѓето. Варијантата сега достигна 23 земји.
• Упатството на Светската здравствена организација за земјите вели дека луѓето со поголем ризик од инфекција треба да го одложат патувањето.
• Нов Јужен Велс има потврден седми случај на варијанта Омикрон. Оваа личност не била во Јужна Африка и NSW Health е загрижен дека преносот можеби се случил на летот од Доха.
• Министерот за здравство на Викторија вели дека е „веројатно“ дека варијантата Омикрон е веќе во заедницата. Викторија засега нема случаи на оваа варијанта.
• Викторискиот премиер Даниел Ендрјус, вели дека сега бројот на случаи е помалку релевантен бидејќи стапките на вакцинација се повисоки.
• Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашеј, вели дека човекот кој вчера бил позитивен на тестот во Голд Коуст бил активен во заедницата за време на продажбата на Black Friday - “Црниот петок”.
Статистика за Ковид-19:
- Викторија забележа 1.419 нови локално стекнати случаи и 10 смртни случаи.
- Нов Јужен Велс забележа 271 нов случај во заедницата.
- Територијата на главниот град на Австралија евидентира осум, а Северната територија еден нов случај.
За мерките што моментално се применуваат како одговор на пандемијата КОВИД-19 на македонски јазик, посетете ја .
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
- Вести и информации на над 60 јазици на
- Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
- Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.