Најнови информации за КОВИД-19: Вирусот одзеде уште два живота во Нов Јужен Велс, Квинсленд го откажа државниот празник

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 4 август 2021 година.

NSW Premier Gladys Berejiklian arrives to speak to the media during a press conference in Sydney, Wednesday, August 4, 2021. (AAP Image/Joel Carrett) NO ARCHIVING

Source: AAP Image/Joel Carrett

 

  • Присуство во високи стапки на вирусот, откриени во канализацијата во регионот Њукасл
  • Откажан државниот празник Ека во Бризбејн
  • Јужна Австралија забележа еден нов случај во заедницата
  • Нема нови случаи во Викторија
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 233 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 47 присутни во заедницата додека биле заразни. Две лица починаа од КОВИД-19, вклучително и маж на возраст од 20 години, од југозападниот дел на Сиднеј, за чија состојба се вели, дека одеднаш се влошила.

Главната здравствена службеничка, др. Кери Чант ги повикува луѓето во областа Њукасл, да излезат на тестирање, бидејќи се откриени високи стапки на вирус во локалната канализација.

Градините Бирмингем, Шортленд, Мериленд, Флечер, Минми, Камерон Парк, Мејфилд, Стоктон и Ферн Беј, се предградијата за кои постои особена загриженост.

Квинсленд

Квинсленд регистрираше 17 нови, локално стекнати случаи, од кои 16 се поврзани со постојниот кластер. Седумнаесеттиот случај,  којшто не поврзан со кластерот на Бризбејн, беше пријавен во Кернс вчера попладне, на 3 август.

Државниот празник Ека во Бризбејн, кој требаше да започне викендов, е откажан и ќе биде одложен за подоцна годинава.

Главната здравствена службеничка др. Џенет Јанг, ги повикува луѓето да размислат за купување преку Интернет, или да го одложат купувањето, наместо да трошат време во заедницата.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Јужна Австралија бележи еден локално стекнат случај, маж на возраст од 20 -тина години, кој бил во карантин.
  • Нема нови случаи во Викторија, за прв пат по повеќе од три недели.
Варијанта Делта, безбедност и ефикасност на вакцината: Објаснува експерт за заразни болести
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
 

Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија

 

 

 


Share
Published 4 August 2021 1:50pm
Updated 4 August 2021 1:53pm
By SBS/ALC Content
Source: SBS


Share this with family and friends