- Викторија ќе купи 2,2 милиони брзи тестови за антигени
- Нов Јужен Велс воспоставува нова деловна поддршка за финансиски тешкотии
- Над 66 проценти од жителите на Канбера на возарст од над 12 се целосно вакцинирани
- Нема нови, локално стекнати случаи во Квинсленд
Викторија
Викторија регистрираше 1.420 нови, локално стекнати случаи. Единаесет луѓе починаа, со што бројот на смртни случаи поврзани со КОВИД во тековната епидемија, се искачи на 68.
Владата планира да спроведе 2,2 милиони брзи, тестови за антигени низ здравствениот систем, пред да ги прошири во „особено ризични услови“, вклучувајќи училишта, служби за итни случаи и др.
Министерот за здравство, Мартин Фоли, вели дека вчера биле вакцинирани над 90.000 жители на Викторија, што претставува повеќе од половина од вакцините, доставени на национално ниво во вторникот, 5 октомври.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 594 нови, локално стекнати случаи и десет смртни случаи.
Воспоставен е нов панел за оценка на потешкотии , со цел да разгледа финансиска поддршка за бизнисите кои се соочуваат со финансиски тешкотии и кои не ги исполнуваат условите за мерки за деловна поддршка за КОВИД-19.
Панелот ќе ги оценува од случај до случај компаниите кои не ги исполниле условите за право на деловниот грант 2021 COVID-19 Business Grant, за Micro-business Grant или за исплати JobSaver.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата регистрираше 28 локално стекнати случаи и еден смртен случај.
Едно новороденче е позитивно тестирано во одделот за специјална нега во Centenary Hospital for Women and Children.
Во моментов има 395 активни случаи во Територијата на главниот град на Австралија.
Последните 24 часа низ Австралија
Премиерката Анастасија Палашчук, ги повика да се вакцинираат жителите од Ipswich, Logan, Beaudesert и the Sunshine Coast, бидејќи Бризбејн полека се приближува до стапката од 70 проценти вакцинација со првата доза.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.