Најнови информации за КОВИД-19: Викторија бележи нов дневен рекорд, ќе се намалат федералните исплати за пандемија

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 29 септември 2021 година

Brisbane

Brisbane Source: AAP

 

  • Исплатите за катастрофа КОВИД-19, COVID-19 disaster payments, ќе почнат да се намалуваат, откако државите и териториите ќе достигнат стапка на вакцинација кај возрасните од 70 проценти
  • Викторија регистрира 950 нови случаи со КОВИД -19 - нејзината највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата
  • Од 11 октомври, двајца целосно вакцинирани лица можат да ги посетат станарите во домовите за нега на стари лица во Нов Јужен Велс
Викторија

Викторија регистрираше 950 нови, локално- стекнати случаи со КОВИД-19, како и седум смртни случаи.

Некои ограничувања се олеснети, но регионот Latrobe Valley е втурнат во седумдневно заклучување, за да се спречи растечката појава на КОВИД-19, за која се верува дека е поврзана со собир на домаќинства.

Од денес се олеснети некои правила, вклучувајќи проширување на границата за патување во градот Мелбурн до 15 километри, и одобрување на бесконтактните спортови, како што се тенисот и голфот.

Најдете во Ваша близина.

Нов Јужен Велс

Државата регистрира 863 случаи и 15 смртни случаи. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, рече дека вкупните бројки за хоспитализација остануваат под проектираното моделирање.

Од 11 октомври, жителите на домовите за нега на стари лица, можат да пречекаат двајца целосно вакцинирани посетители дневно.

Нов Јужен Велс достигна ново на вакцинација од 86,2% со прва вакцина и 61,7% со втора, при што 44,5% деца на возраст помеѓу 12-15 години ја примиле првата доза.

Квинсленд

Квинсленд има еден нов, локално стекнат случај, додека вториот нема да се брои, затоа што е откриен во Нов Јужен Велс.

Ограничувањата за маски сега се проширија на територијата на општината Голд Коуст- Gold Coast City Council.

Главната здравствена службеничка Џенет Јанг, вели дека се уште нема потреба од заклучување, но тоа може да се промени, ако има знаци на значајно ширење на вирусот во заедницата.

Околу Австралија во текот на изминатите 24 часа

, штом државите и териториите достигнат стапка на вакцинација меѓу возрасните, од 70 проценти.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 29 September 2021 1:28pm
Updated 29 September 2021 2:53pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends