Најнови информации за КОВИД-19: Викторија го забележа најсмртоносниот ден во последната појава, Нов Јужен Велс се концентира на следната цел за понатамошно отворање

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 13 октомври 2021 година

The Royal Children's Hospital in Melbourne is dealing with a coronavirus scare in its NICU unit, which cares for vulnerable newborns.

The Royal Children's Hospital in Melbourne is dealing with a coronavirus scare in its NICU unit, which cares for vulnerable newborns. Source: AAP

 

  • Викторија го забележа својот најсмртоносен ден во најновата појава на КОВИД-19
  • Нов Јужен Велс на пат да достигне 80 проценти целосно вакцинирани до овој викенд
  • Стотици локации за изложеност наведени во Територијата на главниот град на Австралија
Викторија

Викторија регистрираше 1.571 нов, локален случај со КОВИД-19, како и 13 смртни случаи,

Изборната хирургија е во мирување, a детска болница the Royal Children's Hospital во Мелбурн воведува тестирање за брз антиген за посетителите во болницата, откако потенцијално заразен родител го посети одделот за интензивна нега на новороденчиња.

Државниот министер за здравство Мартин Фоли, рече дека Mitchell Shire, во регионот Хјум, ќе излезе од заклучување од вечерва.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 444 нови, локални случаи на КОВИД-19, како и четири смртни случаи.

До недела Државата може да достигне пресвртница од 80 проценти целосно вакцинирани жители.

Премиерот Доминик Перотет, навести промена на патоказот, откако утре неговиот кабинет ќе се состане за да разговара за олеснување на ограничувањата од следната недела. Објавата за тоа може да се очекува во петок.

Нешто повеќе од 75,2 проценти од жителите над 16 години се целосно вакцинирани, а над 90 проценти имале барем една доза.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Во Територијата на главниот град на Австралија се регистрирани 51 нов случај со КОВИД-19. Од 16 пациенти во болница, осумина се на интензивна нега, од кои петмина имаат потреба од кислородна поддршка.

Сега има над 370 тековни локации за изложеност на вирусот и од жителите на Канбера се бара да бидат во тек со новите локации преку веб-страницата

Последните 24 часа низ Австралија

  • Викторија регрутира до 1000 здравствени работници надвор од Австралија, за да му помогнат на системот да се справи со растот на пациентите со коронавирус.
  • Канбера е на пат да стане еден од највакцинираните градови во светот, со стапка од двојна доза од 99 проценти што треба да се постигне до крајот на ноември.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 13 October 2021 1:54pm
By SBS/ALC Content
Presented by Маја Талевска
Source: SBS


Share this with family and friends