- Жителите на Викторија чекаат олеснување на ограничувањата што треба да стапи на сила денеска
- Властите во Нов Јужен Велс ги повикуваат жителите да ја прослават "Ноќта на вештерките" на безбеден начин во однос на КОВИД
- Викторија да ги заостри правилата околу медицинските исклучоци од вакцинацијата за КОВИД-19
Викторија
Викторија регистрираше 1.656 нови, локално стекнати случаи на КОВИД-19 и 10 смртни случаи, додека државата се подготвува за понатамошни олеснување на ограничувањата, во 18 часот вечерва.
Малопродажбата од несуштински карактер, ќе се отвори повторно, за прв пат по неколку недели, а ќе се зголеми и доволениот капацитет за рестораните, пабовите и кафулињата.
Забраната за патување меѓу Мелбурн и регионалната Викторија ќе заврши, овозможувајќи неограничено движење низ Викторија, при што се очекува за време на претстојниот, долг викенд, за “Купот во Мелбурн”, жителите на метрополата да ги посетат регионалните делови.
Маските повеќе нема да бидат неопходни на отворено, но сепак ќе бидат потребни во затворени простории.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 268 нови, локално стекнати случаи и две смртни случаи.
Од луѓето се бара да ја прослават “Ноќта на вештерките” овој викенд на безбеден начин во однос на Ковид, прославувајќи на отворено, подарувајќи слатки задоволства во затворена амбалажа и размислувајќи за алтернативни начини на подарување на истите.
Последните 24 часа низ Австралија
Територијата на главниот град на Австралија забележа 10 нови случаи, со што вкупниот број на активни случаи се искачи на 234.
Новите податоци од Австралиското биро за статистика покажуваат дека луѓето родени во странство, имале стандардизирана стапка на смртност од Ковид-19 од 4,2 смртни случаи на 100.000 луѓе, во споредба со една од 2,0 за оние родени локално.
Викторија ќе ги заостри правилата околу медицинските исклучоци од вакцинацијата за КОВИД-19, откако луѓето беа фатени дека менуваат различни лекари за таа цел.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.