- Илјадници термини за вакцинација достапни во Викторија
- Во Нов Јужен Велс, 67,5 проценти од жителите се целосно вакцинирани
- Делумно вакцинирани над 94 проценти од жителите на Канбера на возраст од над 12 години
- Квинсленд забележа два нови случаи, добиени локално
Викторија
Викторија забележа 1,763 нови, локално стекнати случаи, што е најголем дневен број регистриран во која било австралиска држава или територија во текот на пандемијата. Четири лица починаа.
Премиерот Даниел Ендрјус, вели дека се достамни илјадници термини за вакцинација со “Фајзер”, “АстраЗенека” и “Модерна”
Од денеска, градежната индустрија повторно се отвора, но со само вакциниран персонал, на кој им е дозволено да се вратат на работните места се додека тие ги почитуваат строгите мерки за заштита од КОВИД-19.
Регионот Latrobe Valley вечерва на полноќ ќе излезе од заклучување.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 608 нови, локално стекнати случаи, како и седум смртни случаи.
Вкупно 88,5 проценти од луѓето на возраст од над 16 години, примиле една доза од вакцината, додека 67,5 проценти биле целосно вакцинирани, заклучно со недела, 3 октомври 2021 година, во 23 часот и 59 минути.
Наредбите за останување дома, се продолжени до 11 октомври во Тари, Форстер-Тункури и Мусвелбрук, поради зголемениот број случаи во тие области.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата регистрираше 33 локално, стекнати случаи, од кои најмалку 14 активни во заедницата додека биле заразни.
Вкупно 94 проценти од луѓето на возраст од над 12 години, примиле една доза од вакцината, додека повеќе од 65 проценти ја примиле и втора доза.
Последните 24 часа низ Австралија
Австралија е на пат, до средината на ноември, да постигне 80 проценти вакцинација на популацијата над 16 годинишна возраст.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.