Најнови информации за КОВИД-19: Викторија воведува пандемични реформи, Квинсленд повторно ќе ги пречека меѓународните студенти

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 26 октомври 2021 година

Wanafunzi watembea katika chuo cha Queensland mjini Brisbane.

Wanafunzi watembea katika chuo cha Queensland mjini Brisbane. Source: Getty Images

 

 

  • Викторија воведува нови реформи во јавното здравство за ситуацијата со пандемијата
  • Квинсленд ги објавува плановите за странски студенти
  • Северната територија има за цел „политика без карантин“
Викторија

Викторија воведува во Парламентот нови закони за пандемијата, во истовреме со евидентирањето 1.510 нови, локално стекнати случаи со КОВИД-19, како и четири смртни случаи.

Премиерот ќе може да прогласи пандемија, откако ќе ги земе предвид советите на главните здравствени службеници и тимот за јавно здравје.

Државниот министер за здравство Мартин Фоли, рече дека законите ќе ја заменат сегашната рамка, каде што аранжманите за вонредна состојба треба да се разгледуваат и продолжуваат од министерот на секои четири недели.

Најавена е и нова концесиска шема за казни, каде што лицата кои страдаат од финансиски тешкотии можат да аплицираат за намалување на износот на глобата.

Викторија се радува на повторното отворање во петок, 29 октомври, кога се очекува државата да ја достигне целта за вакцинација од 80 проценти.

Квинсленд

Премиерката Анастасија Палашчук, најави дека странските студенти ќе можат да се вратат во државата во 2022 година, при што државата забележа два нови, локално стекнати случаи - но и двата се сметаат со низок ризик.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 282 нови, локално стекнати случаи, како и еден смртен случај.

Државата сега има целосно вакцинирано 85 отсто од населението над 16 годишна возраст.

Најдете во Ваша близина.

Последните 24 часа низ Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 12 нови случаи на коронавирус.

Северната територија има за цел да има политика „без карантин“ за целосно вакцинирани лица од 18 јануари.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

 

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

 

Вести и информации на над 60 јазици на

 

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
 

Информации за исплати врзани за пандемиската катастрофа во секоја австралиска држава и територија

 
 

Share
Published 26 October 2021 1:24pm
Updated 26 October 2021 1:31pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends