- Заклучувањето во Мелбурн ќе заврши вечерва во 23:59 часот
- Нов Јужен Велс најави дополнителна поддршка за бизнисите
- Квинсленд ја започна својата најголема акција за вакцинација „Super Saturday’- "Супер сабота"
Викторија
Викторија регистрираше 2.232 нови, локално стекнати инфекции со КОВИД-19, како и 12 смртни случаи.
Шестото заклучување во Мелбурн официјално ќе заврши вечерва во 23:59 часот.
Од следната недела, државата ќе почне со пробен домашен карантин за меѓународните патници. Премиерот Скот Морисон изјави дека Викторија ја надминала целта за двојна вакцинација од 70 проценти.
„Најдолгиот пат во Викторија е изоден и тој долг пат почнува вечерва да се отвора “, рече тој.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 372 нови, локално стекнати случаи, и еден смртен случај. Евидентирани се и дванови случаи со Ковид од странство.
Државната влада ќе објави поголема поддршка за бизнисите во рамките на планот за економско закрепнување, откако објави план за финансиска помош од 530 милиони долари за секторот туризам и организирање настани.
Сите жители на Нов Јужен Велс на возраст над 18 години ги исполнуваат условите за ваучер во вредност од 50 долари, што треба да ги потрошат за престој во хотел во државата.
Квинсленд
Возач на Убер, кој бил во Мелбурн претходно овој месец, е новиот локално стекнат случај во Квинсленд.
Главната здравствена службеничка Џeанет Јанг, рече дека човекот, кој е во 30 -ти години од животот, е толку болен што властите имаат тешкотии да добијат информации од него.
Во меѓувреме, пред повторно отворање на државата на 17 декември, ќе започне најголемата акција за вакцинација, „Super Saturday’- Супер сабота, која ќе опфати 100 училишта.
Територијата на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија денеска регистрираше 28 нови случаи, со што бројот на активни случаи во територијата достигна 425. Од ноќеска ќе има дополнително олеснување на ограничувањата, откако ќе го биде помината пресвртницата за вакцинација од 80 проценти.
Последните 24 часа низ Австралија
- Тасманија го надмина прагот за двојна вакцинација од 70 проценти.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.