- Викторија повторно во заклучување, од вечерва во 20:00
- Регионот Hunter Valley (НЈВ) влегува во заклучување од денеска во 17 часот
- Сите нови случаи во Бризбејн се поврзани
- Премиерот потврди дополнителни дози од вaкцината “Фајзер КОВИД-19” за Нов Јужен Велс
Викторија
Премиерот Даниел Ендрјус потврди дека државата ќе биде ставена во седумдневно заклучување, што ќе почне од вечерва, 5 август 2021, во 20:00.
Викторија регистрираше осум, локално стекнати случаи и ќе влезе во шестото заклучување, пo помалку од две недели, откако државата излезе од нејзиниот последно заклучување.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 262 нови, локално стекнати случаи и пет смртни случаи. Четворица од лицата кои починаа не беа вакцинирани, додека петтото лице примило една доза од вакцината “АстраЗенека КОВИД-19”.
Нови ограничувања се воведуваат во Newcastle, Lake Macquarie, Maitland, Port Stephens, Singleton, Dungog, Muswellbrook и Cessnock, почнувајќи од денеска, во 17 часот, па се до 13 август, во 24:00 часот.
Главната здравствена службеничка, Др. Кери Чант, ги повикува луѓето од Армидејл и Дабо да се тестираат, бидејќи се зголемија нивоата на вирусот во канализационите системи.
Властите на Нов Јужен Велс молат сите да се вакцинираат.
Квинсленд
Квинсленд забележа 16 нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со постојниот кластер.
Вицепремиерот Стивен Мајлс, вели дека 12 од овие случаи во Бризбејн, биле изолирани во текот на целиот заразен период. Со 79 активни случаи, крајот на заклучувањето на 8 -ми август останува неизвесен.
Последните 24 часа низ Австралија
- Викторија забележа шест нови, локално стекнати случаи, меѓу кои е и наставничка во Мелбурн, којашто можеби била во заедницата, додека била заразна. Нејзиниот случај е под истрага.
- Премиерот Скот Морисон потврди дека во неделата на 16-ти август, Нов Јужен Велс ќе добие дополнителни 180.000 дози на вакцината “Фајзер КОВИД-19”.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија