- Продолжено е петдневното заклучување во Викторија
- Нов Јужен Велс денеска забележа 98 нови локални случаи, со 20 заразни во заедницата
- Service NSW отвори апликации за грантови поврзани со заклучување на КОВИД, наменети за мали и средни бизниси
- Еден милион дози од вакцината “Фајзер” пристигнуваат во Австралија, со цел да се зајакне вакцинацијата против КОВИД
Викторија
Заклучувањето во Викторија нема да заврши во вторник навечер, како што беше планирано. Премиерот Даниел Ендрус допрва треба да ги утврди правилата и временските рамки за укинување на заклучувањето.
Викторија забележа 13 нови локални случаи на коронавирус, и 1 случај стекнат во странство. Вкупниот број на активни случаи во Викторија е 81.
Во моментов има 15.800 примарни блиски контакти во карантин или изолација, со над 250 нови места за изложеност. Пронајдете ги тука, локациите на случаите прикажани во список или како мапа:
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 98 нови случаи на локален коронавирус, од кои две третини се откриени во југо-западен Сиднеј. Од нив 61 случај бил поврзан со познат кластер, додека изворот на 37 случаи сè уште се истражува. Притоа, 20 од новите случаи биле пристутни во заедницата додека биле заразни, и тоа подолго од еден ден,.
Пронајдете ги тука, локациите на случаите во список или мапа:
Во пошироката околина на Сиднеј, новонаметнатите ограничувања вклучуваат забрана за сите градежни работи и затворање на продажни места од несуштински карактер, со исклучок на супермаркетите, аптеките, банките и продавниците за алкохол.
Service NSW отвори апликации за грантови поврзани со заклучувањето за КОВИД, наменети за мали и средни бизниси. Може да аплицираат деловни субјекти кои добиле претходни грантови за мал бизнис КОВИД-19, вклучувајќи ги и грантовите за поддршка на малите бизниси COVID-19 во 2020 година 2020 Small Business COVID-19 Support и грантовите за враќање на мали бизниси Small Business Recovery. Рокот за аплицирање е најдоцна до 13 септември 2021 година, во 23:59 часот. За повеќе информации, посетете ја:
Тековното заклучување ќе биде продолжено до петок, 30 јули, до 23:59 часот.
Последни 24 часа низ Австралија
Квинсленд бележи уште еден ден без пренесување на вирусот КОВИД-19 во заедницата.
Товарен брод со седум члена на екипажот, за кои постои сомневање дека имаат симптоми на КОВИД-19 се закотви во Фримантл.
Повеќе од 800.000 дози на вакцината “Фајзер” пристигнаа во Сиднеј и скоро 100.000 во Мелбурн.
Курбан Бајрам („Фестивал на жртвата“) започнува вечерва. Важно е да се заштитите себе си и другите за време на молитвите на Курбан Бајрам со:
- Избирајќи да се молите дома
- откажување на големи собири
- носејќи ја Вашата маска
- користејќи Ваш сопствен тепих за молитва
Мит за КОВИД-19:
Здравите млади луѓе не се под влијание на КОВИД-19. Само им штети и убива стари или болни луѓе.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати врзани за пандемиската катастрофа во секоја австралиска држава и територија