- Викторијанскиот биланс на дневни случаи го надмина бројот од 2000
- Нов Јужен Велс најавува дополнителни повратоци за бизнисите
- Управата за терапевтски добра и услуги - TGA, ја разгледа вакцинацијата против корона за деца на возраст меѓу пет и 11 години
Викторија
Викторија регистрираше 2.297 нови, локално стекнати инфекции со КОВИД-19, како и 11 смртни случаи. 90 проценти од хоспитализираните не биле целосно вакцинирани.
Премиерот Даниел Ендрјус, рече дека бројките на случаи ќе станат помалку релевантни откако државата ќе достигне двојна вакцинација од 70 проценти.
Таа цел може да ја достигне пред индикативниот датум, 26 октомври, потенцијално ставајќи крај на долгогото, шесто заклучување на Мелбурн.
Премиерот исто така рече дека еднонеделниот тренд не е доволен за да се каже дали тие го достигнале врвот или не.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 406 нови, локално стекнати случаи и шест смртни случаи.
Државата објави два дополнителни ваучери Dine and Discover кои важат до јуни 2022 година. Дополнителни 66 милиони долари се наменети за поттикнување на јадење под отворено небо.
„Сакаме нашите бизниси да бидат слободни и да просперираат“, рече премиерот Доминик Перотет.
91,1 проценти од жителите на Нов Јужен Велс на возраст од над 16 години, ја примиле својата прва доза од вакцината, додека и 76,5 проценти се целосно вакцинирани.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 46 нови случаи, од кои 30 се поврзани со познати случаи.
Последните 24 часа низ Австралија
- Квинсленд не регистрираше случаи со КОВИД-19.
- Националната стапка на вакцинација меѓу луѓето од Првите нации останува ниска. Околу 57,5 проценти од население од заедницата со право на вакцина, ја примило првата доза, а нешто повеќе од 42 проценти се целосно вакцинирани.
- Сојузниот министер за здравство Грег Хант, рече дека вакцината за деца на возраст од 5 до 11 години ќе треба да биде одобрена и од Управата за терапевтски добра и услуги, како и Советодавното тело за вакцини, АТАГИ- ATAGI.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.