Најнови информации за КОВИД-19: Викорија го продолжува заклучувањето за уште една недела, Јужна Австралија објави ограничувања од петто ниво

Ова се најновите информации за Коронавирусот во Австралија, за 20 јули 2021 година.

Wynyard railway station

Commuters wait for buses at Wynyard railway station in the central business district in Sydney, Tuesday, July 20, 2021. Source: AAP Image/Mick Tsikas

  •  Заклучувањето на Викторија е продолжено до вторник, 27 јули.
  • Нов Јужен Велс ја бележи петтата смрт во епидемијата на КОВИД-19- тип Делта.
  • Ограничувањата од петто ниво се најавени во Јужна Австралија вечерва од 18:00 часот.
  • Повеќе од 10,1 милиони Австралијци ја примиле првата доза на вакцина, додека 2,8 милиони се целосно вакцинирани.
Викторија

Премиерот Даниел Ендрус објави дека тековното заклучување ќе биде продолжено до вторник, 27 јули 2021, до 23:59 часот.

Викторија забележа 13 нови локални случаи на КОВИД-19, вклучително и еден мистериозен случај. Девет од случаите биле во изолација за време на нивниот период на заразеност. Вкупниот број активни случаи во Викторија е 96.

Патувањето до Викторија со дозволи за црвена зона, ќе биде привремено паузирано. Објави во врска со понатамошна поддршка на бизнисите се очекуваат утре.

Во моментот има 15,800 блиски контакти и повеќе од 300 места за изложеност, вклучително и делови на островот Phillip Island на југот на државата до Милдура на северозапад. Пронајдете ги тука, на КОВИД-19 прикажани во список или како мапа.

 

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 78 нови локално стекнати случаи на КОВИД-19, од кои 21 заразени биле пристутни во заедницата. Жена на возраст од околу 50 години почина во југозападен Сиднеј. Нејзината смрт е 61 по ред во Нов Јужен Велс поврзана со КОВИД-19 и петта во тековната епидемија.

Service NSW распиша конкурс за грантови поврзани со заклучувањето за КОВИД, наменети за мали и средни бизниси. Рокот за аплицирање е најдоцна до 13 септември 2021 година, во 23:59 часот. За повеќе информации, посетете ја страницата  .

Пронајдете ги тука во список или мапа,

Тековното заклучување ќе биде продолжено до петок, 30 јули, до 23:59 часот.

Последни 24 часа низ Австралија

  • Јужна Австралија забележа пет нови случаи на КОВИД-19 во заедницата. Премиерот Стивен Маршал објави ограничувања од петто ниво, почнувајќи од вечерва од 18:00 часот, па најмалку до вторник, 27 јули. Во моментов има 16 локации за изложеност. Пронајдете ги овде, во список:
  • Квинсленд евидентира еден нов случај на локално стекнат коронавирус.
  • Сите осум симптоматични членови на екипажот од товарен брод закотвен на Фремантл, во Западна Австралија, се покажаа позитивни на КОВИД-19.
е периодична исплата што е достапна за индивидуи кои живеат во жариштата прогласени од Комонвелтот, каде ограничувањата што траат повеќе од седум дена придонесоа за намалено работно време или изгубени приходи. Информациите се достапни на , додека повеќејазична телефонска услуга е достапна на 131 202.

 

Курбан Бајрам („Фестивал на жртвата“) завршува во петок, 23 јули 2021. Важно е да се заштитите себе си и другите за време на молитвите на Курбан Бајрам со:

  • Изберете за се молите дома
  • откажување на големи собири
  • носејќи ја вашата маска
  • користејќи ваш сопствен тепих за молитва
 

КОВИД-19 МИТ:

Здравите млади луѓе не се под влијание на КОВИД-19. Само им штети и убива стари или болни луѓе.

КОВИД-19 ФАКТ:

Секоја вакцина КОВИД-19 мора да ги исполнува строгите барања за безбедност, квалитет и ефикасност на Australia's Therapeutic Goods Administration (TGA)- Австралиската администрација за терапевтски производи, пред да биде дозволено таа да биде дадена. TGA ќе продолжи внимателно да ги следи вакцините со цел брзо откривање и реагирање на какви било безбедносни проблеми во Австралија и во странство. TGA исто така го проверува квалитетот на секоја група вакцини доставени во Австралија пред да бидат пуштени во употреба.

Во Соединетите американски држави, анализата на податоците за јавното здравство покажа дека скоро сите смртни случаи од КОВИД-19 во земјата - опфаќајќи различни варијанти - се однесуваат на луѓе кои не биле вакцинирани.

Во јуни, откри дека 103 од 223 варијанти на случаите заразени со Делта варијантата на КОВИД-19, коишто биле примени во болница од февруари, биле невакцинирани или имале примено само една доза вакцина.

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

 

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

 

Вести и информации на над 60 јазици на

 

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 

Share
Published 20 July 2021 1:59pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends