- Бројот на нови КОВИД-случаи во Југозападен и Западен Сиднеј, останува висок.
- Викторија го продолжува интервалот меѓу двете дози на вакцинација со “Фајзер”.
- Југоисточен Квинсленд влегува во заклучување денеска, од 16 часот.
- Тасманија ги затвора границите со Квинсленд.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 210 нови, локално стекнати случаи, како и еден смртен случај- почина маж во шеесеттите години, од Југозападен Сиднеј.
Министерот за здравство, Бред Хазард, вели дека две третини од новите случаи, се лица под 40-годишна возраст, додека шестмина на интензивна нега се во дваесеттите години.
Од почетокот на појавата на варијантата Делта, на 16 јуни 2021, до денес, во државата се регистрирани вкупно 3190 локално стекнати случаи.
Викторија
Државата регистрираше два нови, локално стекнати случаи, при што и двете инфекции се поврзани со постојните кластери, но само еден од нив бил во изолација, додека беше заразен.
Викторискиот министер за здравство, Мартин Фоли вели дека минималниот интервал, помеѓу двете дози на вакцината “Фајзер КОВИД-19” ќе се продолжи од три на шест недели.
Последните 24 часа низ Австралија
- По регистрирањето шест нови случаи на Делта, од денеска ќе стапат во тридневно заклучување, почнувајќи од 16 часот.
- The Australian Medical Association (Австралиската медицинска асоцијација), ја поддржа вакцината “Астра Зенека KОВИД-19”, со цел да се зголемат стапките на инокулација ( вакцинација).
- Тасманија денеска од 16 часот ќе ја затвори границата со Југоисточен Квинсленд.
Како функционира „социјалниот балон за самци“ за жителите на Сиднеј?
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија