- Нов Јужен Велс бележи уште два смртни случаи од КОВИД-19.
- Сите нови случаи во Викторија се поврзани со моменталните кластери.
- Федералната влада обезбеди дополнителни 85 милиони дози на вакцината “Фајзер”.
- Јужна Австралија е на добар пат да го заврши заклучувањето.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс евидентираше 141 нови, локално стекнати случаи. Две жени, од кои едната на 70 годишна возраст, а другата во 30-тите години од животот, и двете без претходни, постоечки здравствени проблеми, починаа од Ковид-19- рече премиерката Береџикилијан.
Нов Јужен Велс ќе добие дополнителни 50.000 дози од вакцината “Фајзер”. Во меѓувреме, беше формирана специјална, полициска единица за идентификување на присутните на вчерашните протести, а веќе се издадени 510 известувања за повреда на законот.
Викторија
Викторија забележа 11 нови случаи на локално ниво, при што, сите биле во карантин во текот на целиот период на инфекција, и се поврзани со постоечките кластери.
Властите допрва ќе го потврдат дали ограничувањата врзани за КОВИД-19, ќе бидат ублажени во вторник, 27 јули.
Последни 24 часа низ Австралија
Во 2022 и 2023 година, Австралија ќе добие дополнителни 85 милиони дози од вакцината “Фајзер”.
Јужна Австралија регистрира три нови локални случаи, но државата е се уште на добар пат да го укине заклучувањето.
Квинсленд забележа пет нови случаи, сите во карантински хотели.
КОВИД-19 МИТ:
Здравите млади луѓе не се под влијание на КОВИД-19. Само им штети и убива стари или болни луѓе.
КОВИД-19 ФАКТ:
Вирусот повеќе ги погодува постарите луѓе и оние со основни состојби, но исто така им штети и убива на некои здрави, млади луѓе.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија