- Темворт ќе влезе во заклучување, додека Бајрон Беј e во состојба на готовност
- Заклучувањето во регионална Викторија завршува вечерва, на полноќ
- Во Мелбурн се отвора првиот австралиски центар за вакцинација преку автомобил
- Задолжителен систем за проверка со Кју-ар код (QR code) воведен во Тасманија
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 283 нови, локално стекнати случаи и една смрт. Најмалку 64 случаи беа во заедницата, додека беа заразни.
Темворт ќе влезе во седумдневно заклучување од денеска, во 17 часот, бидејќи беа идентификувани , откако позитивен случај од Њукасл патуваше во областа.
Премиерката Гладис Береџиклијан, исто така повикува на зголемено тестирање во областа Бајрон Беј, каде што еден човек бил позитивен на KОВИД-19.
Викторија
Викторија забележа 11 нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со постојниот кластер.
Премиерот Даниел Ендрјус објавува крај на заклучувањето за регионалната Викторија од вторник, 10 август, во 12:01 часот, и ги предупредува жителите на Мелбурн да не патуваат низ државата без валидна причина.
Првиот австралиски центар за вакцинација преку автомобили (drive-through), се отвори во Мелтон, во западниот дел на Мелбурн.
Последните 24 часа низ Австралија
- Квинсленд забележа четири нови, локално стекнати случаи.
- Најдете ги .
- Заклучувањето во Кернс и Јарабах ќе заврши во среда, 11 август, во 16 часот.
- Во Тасманија, од сите Uber и такси компании од петок, 13 август, од 18 часот, ќе се бара да имаат систем за пријавување со Кју-ар код (QR code)
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија