- Во жариштата на КОВИД-19 низ Сиднеј, мерките сега вклучуваат полициски час од 21 часот до 5 часот наутро, како и ограничување на еден час вежбање дневно
- Викторија забележа 22 мистериозни случаи, од вкупно 71 нов случај
- Во Територијата на главниот град на Австралија, ”Фајзер” стана достапна за лицата од 16-29 години
- Јужна Австралија започнува пробна изолација во домашни услови
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 818 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 42 случаи во заедницата додека биле заразни. Починаа три лица во 80-тите години од животот, со претходни здравствени проблеми.
Од денеска, , додека на работниците од Кантербери-Банкстаун, Камберленд и Ферфилд повеќе не им треба редовно тестирање за КОВИД-19, за да работат надвор од нивните области на локалната власт.
Викторија
Викторија забележа 71 нов локално стекнат случај, од кои 22 не се поврзани со познати епидемии. Педесет и пет случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Мистериозни случаи беа регистрирани во Есендон Вест, Кембервел, Торнбери, Фицрој Норт, Мејдстон и Соренто.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 16 нови, локално-стекнати случаи, од кои три се под истрага. Три случаи беа во заедницата, за време на инфекцијата.
Лицата на возраст од 16 до 29 години сега можат преку веб-страницата да се регистрираат за резервација на вакцината “Фајзер КОВИД-19”.
Најдете го и проверете го Вашето право на .
Последните 24 часа низ Австралија
Квинсленд забележа еден, локално-стекнат случај, кој бил во домашен карантин.
Јужна Австралија започнува пробна излолација во домашни услови, чија цел е да ги изолираат луѓето дома, а не хотели. Тие ќе бидат следени со помош на гео-локација и софтвер за препознавање лица.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.