Најнови информации за КОВИД-19: Југоисточен Квинсленд излегува, а Кернс влегува во заклучување

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 8 август 2021 година.

Kiongozi wa Queensland Annastacia Palaszczuk, azungumza na waandishi wa habari

Kiongozi wa Queensland Annastacia Palaszczuk, atoa taarifa mpya kuhusu COVID-19 mjini Brisbane, Jumapili, 8 Augosti, 2021. Source: AAP/Danny Casey

  • Квинсленд регистрира девет нови локални случаи со КОВИД-19
  • Кернс и Јарабах денеска, од 16 часот, ќе влезат во тридневно заклучување
  • 262 нови и еден смрт случаи на КОВИД-19 во Нов Јужен Велс
  • Викторија пријави 11 нови, локално стекнати случаи на КОВИД-19
Квинсленд

Квинсленд пријави девет нови, локално стекнати случаи. Седум се поврзани со кластерот Индоропопили, еден е во Голд Коуст и еден нов случај е лоциран во Кернс.

Заклучувањето во Југоисточен Квинсленд ќе заврши денеска во 16 часот, како што беше планирано, но некои ограничувања ќе останат на сила следните две недели, вклучително и задолжителна употреба маски.

Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, вели дека случајот во Кернс е многу загрижувачки, бидејќи лицето работи како таксист и било заразно во заедницата веќе 10 дена.

Како резултат на тоа, региналната општина Кернс и абориџинската, регионална општина Јарабах, ќе влезат во тридневно заклучување од денеска, во 16 часот.

 

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 262 нови локално стекнати случаи на коронавирус, а една жена на возраст од 80 години почина.

Најмалку 72 од тие нови случаи беа во заедницата додека беа заразни.

Премиерката Гладис Береџиклиан вели дека 12 предградија во градот Пенрит ќе бидат наведени како области на загриженост, и ќе имаат дополнителни ограничувања од 17 часот во недела.

Викторија

Викторија регистрираше 11 нови, локално стекнати случаи на КОВИД-19, сите поврзани со тековната епидемија. Ниту еден од нив не беше во карантин, за време на нивниот заразен период.

Викторијците на возраст од 18 до 39 години, од понеделник ќе можат да пристапат до вакцината “АстраЗенека КОВИД-19”,  во избрани центри за масовна вакцинација.

Првиот австралиски центар за вакцинација во автомобил (drive-through), ќе биде отворен во понеделник, во Викторија, во поранешниот магацин „Бaнингс“ во Мелтон.

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија


Share
Published 8 August 2021 2:37pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends