- Викторија ја надмина целта за вакцинација од 80 проценти со прва доза
- Нов Јужен Велс ќе отвори училишта една недела пред предвиденото
- Територијата на главниот град на Австралија треба од полноќ да ги ублажи ограничувањата
- Квинсленд евидентира шест нови случаи стекнати локално
Викторија
Викторија забележа 1.438 нови, локално стекнати случаи, од кои над 500 се поврзани со собири во врска со големото фудбалско финале за време на викендот. Пет лица починаа.
Командирот на Викторија за КОВИД-19, Јерун Вајмар, го опиша денешниот скок како „значаен“ неуспех во планот за повторно отворање на државата.
Премиерот Даниел Ендрјус, рече дека интервалот помеѓу првата и втората доза на вакцината “Фајзер” ќе се намали од шест на три недели, бидејќи државата ќе има доволно вакцини за да ја поддржи промената од следниот месец.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 941 нови, локално стекнати случаи, како и шест смртни случаи.
Премиерот Гладис Береџиклијан, потврди дека децата од градинка, учениците од 1 година и 12 година можат да се вратат во училницата од 18 октомври, една недела порано отколку што беше планирано.
Сите други ученици ќе бидат интегрирани назад во училишните, во текот на следните две недели, на 25 октомври и 1 ноември.
Територијата на главниот град на Австралија
Во територијата се регистрирани 31 нов, локално стекнат случај.
Од петок, 1 октомври на полноќ, со продолжување на времето за рекреација на отворено, повторно отворање на националните паркови, дополнителни надоместоци за некои малопродажни бизниси и друго.
Жителите на возраст над 60 години сега ги исполнуваат условите за вакцина “Фајзер”.
Последните 24 часа низ Австралија
- Областите на локалната самоуправа Бризбејн, Голд Коуст, Логан, Моретон Беј, Таунсвил и Палм Ајленд, ќе влезат во почнувајќи од четврток, 30 септември, во 16 часот.
- Федералната влада откри дека исплатите за катастрофа КОВИД-19 за работниците кои ја загубиле работата, како и исплатата на деловна поддршка на бизнисите, ќе престанат, откако 80 проценти од населението ќе биде целосно вакцинирано.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.