- Викторија евидентира 61 нов, локално стекнат случај, а целата држава сега е во заклучување
- Нов Јужен Велс регистрира највисок рекорд на случаи, од која било држава, од почетокот на пандемијата
- Квинсленд забележа уште еден ден без нови, локално стекнати случаи
- Aвстралиската капитална територија евидентира осум нови случаи, ниту еден во заедницата за време на заразниот период
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше нов рекорд во локално стекнати случаи со КОВИД-19, евидентирајќи 825 инфекции и три мртви лица – невакциниран маж во 90-тите години, целосно вакциниран маж во 80-тите години и жена во 90 -тите години од животот, која примила една доза од вакцината.
Полицијата на Нов Јужен Велс распореди 1.500 полицајци, за да се осигура дека протестите против заклучување нема да се одржат попладнево. Возовите ги прескокнуваат главните железнички станици во Сиднеј, а на такси -возилата и операторите на возила им е забрането сообрајќање во Главниот деловен центар на градот, односно т.н CBD.
се веднаш достапни, за секој на возраст од 16 до 39 години, што живее во области на локалната власт, кои се предмет на загриженост.
Викторија
Викторија регистрираше 61 нов, локално стекнат случај на КОВИД-19, од кои 39 беа во заедницата, додека беа заразни.
Значителен број случаи се откриени во регионалната Викторија. Затоа, од 13 часот денеска, целата регионална Викторија влезе во заклучување.
Правилата за регионалните области ќе бидат исти како оние за Мелбурн и пошироката околина, освен условите за полициски час што засега нема да важат за регионалната Викторија.
Последните 24 часа низ Австралија
- Aвстралиската капитална територија регистрираше осум нови, локално стекнати случаи на КОВИД-19, при што власите таму планираат, пред крајот на годината, да почнат со вакцинација на деца, на возраст од 12 години.
- Квинсленд забележа уште еден ден без нови локални случаи на КОВИД-19, а властите го зајакнаа повикот до лицата од над 16 години, да се вакцинираат.

Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.