- Нов Јужен Велс бележи највисок, дневен број случаи од почетокот на пандемијата.
- Викторија сè уште истражува еден случај на коронавирус неповрзан со постоечките кластери.
- Јужна Австралија регистрира два нови случаи.
- Уште една недела на задолжителни маски за жителите на Квинсленд.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 239 нови, локални случаи на коронавирус, како и два смртни случаи - жена во деведесеттите и маж во осумдесеттите години, двајцата од југозападен Сиднеј. Изворот на инфекција на 126 случаи е под истрага и само 81 заразено лице биле во изолација за целиот заразен период.
Премиерката Гладис Бериџклиан рече дека на жителите во осумте области на локалната самоуправа, што се предмет на најголема грижа: Ферфилд, Кантербери-Бенкстаун, Ливерпул, Камберленд, Блектаун, Парамата, Кемпбелтаун и Џорџес Ривер, нема да им биде дозволено да патуваат повеќе од пет километри од дома.
Исто така низ Нов Јужен Велс казните за неносење маска се зголемија од 200 на 500 долари. Од утре на полицијата ќе им биде дадена моќ да ги затворат деловните субјекти кои повеќекратно ги кршат правилата.
Викторија
Државата забележа шест нови, локално-стекнати случаи, при што сите се поврзани со моментални кластери на варијантата Делта, и биле во изолација додека биле заразни.
Здравствените власти се уште се обидуваат да го пронајдат изворот на мистериозниот случај пронајден вчера.
Последни 24 часа низ Австралија
Јужна Австралија бележи два нови локално стекнати случаи, обајцата во карантин, додека биле заразни.
Жителите во , ќе треба да носат маски уште една недела.
Варијанта Делта, безбедност и ефикасност на вакцините: Објаснува експерт за заразни болести
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија