Најважни моменти
- Квинсленд најавува низа олеснувања за целосно вакцинираните лица.
- Од 17 декември, или кога државата ќе достигне 80 отсто двојна вакцинација, нема да има ограничувања за Ковид-19 за пабови и други места за забава, стадиони итн.
- Посетите во болниците ќе бидат дозволени само за вакцинирани лица, единствениот исклучок е крајот на животот или вонредните ситуации.
- Жителите на Квинсленд нема да мора да носат маски освен при авионски летови и на аеродромите, откако државата ќе достигне 80 проценти од целта за вакцинација од првата доза.
- Новиот извештај од институтот “Доерти” покажа дека со покриеност со вакцинација против Ковид-19 поголема од 70 проценти, околу половина од сите инфекции ќе бидат кај вакцинирани луѓе, но во поблага и помалку заразна форма.
- Според патоказот во 3 фази за отворање, Северната територија ќе започне домашен карантин од 23 ноември.
Ковид19 случаи:
- Викторија регистрирaше 1.069 нови локални случаи и 10 смртни случаи.
- Нов Јужен Велс регистрираше 222 нови случаи и четири смртни случаи.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.