Најнови информации за КОВИД-19: Квинсленд го забележа својот највисок, дневен скок во нови случаи

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 1 август 2021 година.

Dr Jeannette Young, afisa mkuu wa afya wa Queensland azungumza na waandishi wa habari mjini Brisbane, Jumapili, 1 Agosti, 2021

Dr Jeannette Young, afisa mkuu wa afya wa Queensland azungumza na waandishi wa habari mjini Brisbane, Jumapili, 1 Agosti, 2021 Source: AAP Image/Jason O'Brien

 

  • Властите во Нов Јужен Велс притискаат кон стапка на вакцинација од 80 проценти.
  • Вкупниот број случаи од типот Делта во Квинсленд е 18.
  • Четирите нови случаи на Викторија се поврзани со постоечките епидемии.
  • Над четириесет проценти од Австралијците над 16 години, ја примиле првата вакцина против КОВИД-19.
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрира 239 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 61 лице, биле  биле активни во заедницата за време на целиот или барем дел од периодот на инкубација. Повеќе од половина од новите случаи имаат непознат извор на инфекција.

Др. Џереми Меканолти од NSW Health ,вели дека од 54 лица на интензивна нега, 49 не биле вакцинирани.

Премиерката Гладис Береџиклијан, потврди дека државната влада ќе усвои националната цел на кабинетот, за 70 до 80 проценти вакцинацинација кај возрасната популација.

Квинсленд

Квинсленд регистрираше девет нови, локално стекнати случаи, што е најголем број случаи во заедницата во текот на една година.

Главниот здравствен службеник во Квинсленд, др. Џeнет Јанг, вели дека „случаите брзо ескалираат“ и ги повикува членовите на заедницата да се тестираат.

Единаесет области на локалната самоуправа во Југоисточен Квинсленд, се под тридневно заклучување, и сега се сметаат за национални жаришта, квалификувани за финансиска помош.

Последните 24 часа низ Австралија

Викторија регистрираше четири нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со постоечки епидемии и сите во карантин, додека биле заразни.

Новите бројки покажуваат дека повеќе од четириесет проценти од Австралијците над 16 години, сега ја примиле барем својата прва доза на вакцината против КОВИД-19.

Како функционира „социјалниот балон за самци“ за жителите на Сиднеј?
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Посетете ја страницата на, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија


Share
Published 1 August 2021 1:32pm
Updated 1 August 2021 1:36pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends