- Од денеска во 17 часот, на целосно вакцинираните лица ќе им биде дозволено да патуваат во Квинсленд, се додека патуваат со авион и имаат доказ за негативен тест во претходните 72 часа, и домашен карантин од 14 денови. Државата вчера ја постигна својата цел за двојна вакцинација од 70 отсто за лицата постари од 16 години.
- Јужна Австралија повеќе нема да спроведува заклучувања на целата држава за КОВИД-19, почнувајќи од следната недела, кога се очекува државата да ја достигне целта за двојна вакцинација од 80 проценти.
- Неделава државната влада на Викторија ќе дистрибуира бесплатни комплети за брзо тестирање на антиген во градинките и центрите за долг дневен престој на деца, со цел да помогне во справувањето со појавата на КОВИД-19 во овие центри.
Статистика на Ковид:
- Викторија објави 860 нови инфекции со Ковид-19 и пет смртни случаи.
- Во Нов Јужен Велс во изминатите 24 часа, имаше 165 нови случаи на КОВИД-19 и еден смртен случај.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.