Најнови информации за КОВИД-19: Квинсленд е на пат да постигне 80 отсто вакцинација, се разгледува “балон за патување” со Јужна Кореја и Јапонија

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 10 ноември 2021 година

The Brisbane skyline is seen at sunset from the suburb of Balmoral in Brisbane.

The Brisbane skyline is seen at sunset from the suburb of Balmoral in Brisbane. Source: AAP

 

  • Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашej, рече дека државата утре ќе достигне 80 отсто вакцинација. Во меѓувреме, бизнисменот Клајв Палмер планира да преземе правни мерки против предлогот на државната влада да ги блокира невакцинираните посетители да присуствуваат на одредени места.
  • Федералната влада размислува да дозволи патување во Јужна Кореја и Јапонија, без карантин. Премиерот Скот Морисон вели дека владата работи на двонасочен договор, откако беше воспоставен сличен план со Сингапур.
  • Во Викторија над 84 отсто од оние на возраст од над 12 години, примиле најмалку една доза вакцина. Речиси сите ограничувања ќе бидат укинати за двојно-вакцинираните, кога државата ќе ја постигне целта од 90 процентна вакцинација на населението, предвидено да се случи на 24 ноември.
СТАТИСТИКА НА KОВИД-19:

  • Викторија забележа 1.003 нови, локално стекнати случаи и 14 смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 216 нови, локално стекнати случаи и три смртни случаи.
  • Квинсленд забележа три, a Територијата на главниот град на Австралија, девет нови случаи.



Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 10 November 2021 2:11pm
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends