- Нов Јужен Велс го воведе првoтo регионално заклучување, во областите на општините Оринџ (Orange), Кабон (Cabonne) и Блејни (Blayney)
- Викторија евидентира 22 нови локални случаи КОВИД-19, сите нови случаи се поврзани со тековните епидемии.
- Рекорден број жители во Нов Јужен Велс и Викторија се тестираат за КОВИД-19.
- Јужна Австралија забележа нов случај на КОВИД - 19, со што сегашниот кластер достигнува шест.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 110 нови, локално стекнати случаи на КОВИД-19, од кои 43 биле заразени во заедницата. Од денеска, работодавците кои ги принудуваат своите вработени да дојдат во канцеларијата ќе се соочат со казна на лице место од 10 000 долари.
На сила се првите регионални наредби за останување дома, што се однесуваат на сите луѓе кои живеат во областите на општините Оринџ (Orange), Кабон (Cabonne) и Блејни (Blayney),или биле таму во саботата 17 јули, или после тоа. Клиниките за тестирање се отворени во областа.
Пронајдете ги тука, во список или мапа. Тековната блокада ќе биде продолжена до 23:59 часот во петок, 30 јули.
Тековното заклучување ќе биде продолжено до петок, 30 јули, до 23:59 часот.
Викторија
Викторија забележа 22 нови локални случаи на коронавирус, сите поврзани со тековните епидемии. Вкупниот број активни случаи во државата достигна 118.
Жителите на Викторија, кои се во Нов Јужен Велс и во Aвстралиската капитална територија, веќе не смеат да доаѓаат дома, согласно двонеделната пауза за издавање дозволи за црвена зона.
Тековното заклучување ќе биде продолжено до вторник, 27 јули, во 23:59 часот.
Последни 24 часа околу Австралија
- Во моментов има 82 места за тестирање низ Јужна Австралија и 52 места на изложеност на КОВИД-19.
- Од утре, секој што бил во Јужна Австралија нема да смее да влезе во Квинсленд, освен ако не е жител што се враќа.
- Западна Австралија спроведува 14-дневен карантин за патниците од Јужна Австралија.
Курбан Бајрам („Фестивал на жртвата“) завршува во петок, 23 јули 2021. Важно е да се заштитите себе си и другите за време на молитвите на Курбан Бајрам со:
- Изберете за се молите дома
- откажување на големи собири
- носејќи ја вашата маска
- користејќи ваш сопствен тепих за молитва
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија