Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс повикува на вакцинација, “Управата за терапевтски добра” одобри домашно тестирање

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 28 септември 2021 година

Mtu anaye vaa barakoa, avuka mtaa wa Melbourne.

Mtu anaye vaa barakoa, avuka mtaa wa Melbourne. Source: AAP

 

  • “Управата за терапевтски добра” препорача домашното тестирање да биде достапно од 1 ноември
  • Викторија ја забележува својата највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата
  • Два нови кластери на вирусот во Квинсленд, откриени на само неколку денови пред големото финале на НРЛ
Викторија

Викторија регистрираше 867 нови, локално-стекнати случаи на КОВИД-19 и уште четири смртни случаи, со што бројот на активни случаи достигна 9,261.

Државата тестира  воведување нова апликација, што може да се искористи за да се проверат Викторијанците што се враќаат од меѓудржавни и прекуокеански земји.

Најдете во Ваша близина.

Квинсленд

Две нови групи на КОВИД-19 се откриени во Бризбејн, неколку денови пред големото финале на НРЛ, вклучително и еден поврзам со возач на камион, кој заразен бил присутен во заедницата осум дена

Државата регистрираше четири нови случаи во заедницата. Маските повторно станаа задолжителни за жителите во областите на локалната власт во Бризбејн и Моретон Беј.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 863 нови, локално стекнати случаи со КОВИД-19, како и седум смртни случаи, од кои повеќето се во локалниот здравствен округ на Југозападен Сиднеј и Западен Сиднеј.

Властите размислуваат да ги стават жителите на Порт Меквари и Мусвелбрук под заклучување, и да го продолжат заклучувањето во Кемпси, како резултат на зголемените случаи во тие области.

Територија на главниот град на Австралија

Главниот министер на Територијата на главниот град на Австралија, Ендру Бар, вели дека патот на територијата надвор од заклучувањето ќе биде постепен, бидејќи се евидентирани 13 нови случаи. Осум лица се во болница поради вирусот, а на тројца им е потребна кислородна поддршка на интензивна нега.

Последните 24 часа низ Австралија

"Управата за терапевтски добра" (ТГА) препорача дека домашното тестирање ќе биде достапно од 1 ноември.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 28 September 2021 2:27pm
Updated 28 September 2021 3:18pm
Presented by Маја Талевска


Share this with family and friends