- Во Нов Јужен Велс, децата над 12 години можат да се вакцинираат кај матичните лекари
- КОВИД-19 предизвикува големи прекини на викториските регионални, возни линии
- Територијата на главниот град на Австралија објавува термини за вакцинација на деца од над 12 години
- Квинсленд евидентираше два нови случаи во заедницата
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.257 нови, локално-стекнати случаи, како и седум смртни случаи.
Предградијата со најмногу случаи се Гринакре, Обурн, Јагуна, Ливерпул, Панчбоул, Гилдфорд, Редферн, Банкстаун, Кондел Парк и Басби. Зголемување на дневниот број на случаи е забележано и во внатрешните градски области на Глебе и Редферн.
Од денеска, децата на возраст меѓу 12 и 15 години можат да добијат вакцина “Фајзер” кај матичните лекари, додека од следната недела “Модерна” ќе стане достапна кај фармацевтите.
На целосно вакцинираните луѓе сега им е дозволено да се собираат на отворено во групи од по пет лица.
Викторија
Викторија забележа 473 нови, локално-стекнати случаи, што е највисоккиот дневен број во државата, во последната епидемија.
Во текот на ноќта, четири центри за грижа за деца во Мелбурн, беа наведени како . Пет возачи и персонал на V/Line се тестирани позитивни на вирусот, принудувајќи стотици работници да бидат изолирани, што придонесе за значителни нарушувања во услугите.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата регистрираше 13 нови, локално-стекнати случаи.
Од 20 септември, децата на возраст од 12-15 години ќе можат да резервираат термин за вакцинација со “Фајзер”, во владина клиника na Територија на главниот град на Австралија.
Последните 24 часа низ Австралија
- Двата нови случаи на Квинсленд се поврзани со училиште во Бризбејн, каде што минатата недела, девојче беше тестирано позитивно на вирусот.
- “Австралиската техничо- советодавна група за имунизација” ја препорачува вакцината “Модерна”, за секого постар од 12 години.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.