- Низ пошироката околина на Сиднеј, од 23:59 часот денеска, малопродажните места од несуштинска природа ќе мора да се затворат.
- 19 нови локални случаи на Ковид-19 во Викторија се поврзани со постојните кластери.
Нов Јужен Велс
Од 23 часот и 59 минути, денеска 17 јули до 30 јули, жителите во областите на локалната самоуправа во Ферфилд, Кентербери-Банкстаун и Ливерпул, нема да смеат да ги напуштаат тие региони за да одат на работа, освен ако не се здравствени работници или припадници на службите за итни случаи.
Низ пошироката околина на Сиднеј, од 23:59 часот денеска, малопродажните места од несуштинска природа ќе мора да се затворат, но услугите за кликнување и собирање на производите (продажба преку интернет), носење и достава до дома, сè уште можат да работат.
Од понеделник, 19 јули, почнувајќи од 12:01 часот, сите градежни работи и активности за одржување од неитен карактер, вклучително и услуги за чистење и работи за поправка на станбени простории, ќе бидат во мирување.
Викторија
Викторија забележа 19 нови локални случаи со коронавирус. Сите случаи се поврзани со постојните кластери. Вкупниот број на активни случаи во Викторија е 54.
Сега има повеќе од 150 нови места на изложеност на Ковид, вклучително и неколку во регионална Викторија. Пронајдете ги тука:
локациите на случаите на Ковид, прикажани во список или како мапа. Петтото заклучување врзано за КОВИД-19 треба да трае до вторник, 20 јули, до 23:59 часот.
Последни 24 часа околу Австралија
Во Квинсленд немаше регистрирани случаи на пренос на вирусот во заедницата во последните 24 часа.
За прв пат фрагменти од Коронавирус се откриени во отпадните на Северната територија, и тоа надвор од Хауард Спрингс и болницата "Ројал Дарвин".
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање од ограничувањата. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија:
Информации за исплати врзани за пандемиската катастрофа во секоја австралиска држава и територија