- Присуство на КОВИД-19 откриено во отпадните води кај Транги, во западниот дел на Нов Јужен Велс и како и во заливот Бајрон
- Лица помлади од 40 години го сочинуваат мнозинството случаи во Викторија
- Територијата на главниот град на Австралија ги проширува групите со право на вакцината “Фајзер”
- Возачите на камиони протестираа во Квинсленд
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.290 нови, локално-стекнати случаи, од кои 883 доаѓаат од западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Четири лица починаа од вирусот.
Премиерката потврди дека речиси две третини од возрасната популација примиле една доза, додека 36 проценти ги примиле двете дози од вакцината. Се очекува во октомври, 70 проценти од жителите да бидат целосно вакцинирани.
Приоритетни резервации за вакцина против КОВИД-19, се достапни за , за л, како и за в, иако право на вакцина имаат и сите 16-39-годишници.
Викторија
Викторија регистрираше 73 нови, локално-стекнати случаи, од кои 21 се уште не се поврзани со постоечките епидемии. Луѓето под 40 години опфаќаат три четвртини од 805 активни случаи во државата.
Главниот здравствен службеник Др. Брет Сатон, рече дека „поголемиот дел од епидемијата е под контрола“, освен оние области со мистериозни случаи, особено областите на локалната самоуправа Хобсонс Беј, Виндем и Хјум.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 12 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку шест активни во заедницата додека биле заразни.
Главниот министер Ендрју Бар, објави дека младите на возраст од 16 до 29 години во „наредните денови“, ќе ги исполнуваат условите за вакцина „Фајзер“, во државните клиники.
Последните 24 часа низ Австралија
Возачите на камиони во Квинсленд го блокираа главниот автопат помеѓу Голд Коуст и Бризбејн, повикувајќи на крај на заклучувањата и затворањето на границите.
Сите Австралијци на возраст од 16 до 39 години сега имаат официјално право да резервираат вакцина против Фајзер.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Source: ALC
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.