Најнови информации за КОВИД-19: Учениците од Нов Јужен Велс се вратија во клупите, Викторија ги засилува напорите за вакцинација

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 25 октомври 2021 година

Students of Hunter School of the Performing Arts celebrate their return on campus in Sydney after months of lockdown.

Students of Hunter School of the Performing Arts celebrate their return on campus in Newcastle after months of lockdown. Source: Supplied by Hunter School of the Performing Arts

  • Ревакцинација со трета доза ќе биде достапна шест месеци по втората доза, со одобрување
  • Викторија ги обновува напорите за зголемување на стапките на вакцинација кај домородните народи
  • Сите ученици во Нов Јужен Велс денеска се вратија на училиште
Викторија

Државата регистрираше 1.461 нов, локално стекнат случај, како и седум смртни случаи, вклучително жена во 20 -тите години.

Министерот за здравство Мартин Фоли, најави нови напори за создавање свест за вакцинација во домородните заедници. Беа објавени низа привремени клиники за заедниците со „ниско ниво“ на вакцинација.

Околу 80 проценти од Абориџинската заедница на над 12-годишна возраст во државата, ја прими првата доза од вакцината. Бројот низ целата држава, за истата возрасна група е над 90 проценти.

Од петок, 29 октомври, ограничувањата ќе се ублажат понатаму, вклучително и укинување на маските на отворено и враќање на регионалните патувања низ државата.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 294 нови, локално стекнати случаи, како и четири смртни случаи.

Сите ученици денеска се вратија на настава. Сепак, не сите наставници може да се вратат на работа, поради задолжителните правила за целосна вакцинација.

„Над 95 проценти од нашите наставници се вакцинирани и тоа ни овозможи безбедно да ги отвориме училиштата. Тоа е извонреден напор“, рече премиерот Доминик Перотет.

Неитната изборна хирургија, што беше откажана во август, исто така, ќе продолжи во јавните и приватните болници во  Сиднеј и пошироката околина.

Најдете во Ваша близина.

Квинсленд

Квинсленд денеска не забележа нови случаи.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 25 October 2021 2:33pm
Updated 25 October 2021 2:35pm
By SBS/ALC Content
Source: SBS


Share this with family and friends