Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс со поглед кон меѓународните патувања, ограничувањата во Викторија се намалуваат

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 1 септември 2021 година.

A pharmacy worker receives a temperature sensitive box with Pfizer vaccines at the Sandown Racecourse Vaccination Centre in Melbourne, Tuesday, August 31, 2021.

A pharmacy worker receives a temperature sensitive box with Pfizer vaccines at the Sandown Racecourse Vaccination Centre in Melbourne, Tuesday, August 31, 2021. Source: AAP Image/Daniel Pockett

 

  • Фрагменти од КОВИД-19 откриени низ Нов Јужен Велс во области без познати случаи
  • Над 70.000 термини за вакцинација со “ АстраЗенека” се достапни во државните клиники во Викторија,
  • Резервациите на “Фајзер” се отворени за оние на возраст од 16 до 29 години во Територијата на главниот град на Австралија
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.116 нови, локално-стекнати случаи и четири смртни случаи.

Фрагменти од KОВИД-19 беа откриени во отпадните води во Тредбо, Меримбула, Порт Макаури, Данбоган, Бони Хилс, Ворен, Молонг, Тамворт и Гунада.

Премиерката Гладис Береџиклиjан истакна дека меѓународните патувања би можеле да продолжат во ноември.

Кликнете за да го резервирате денеска, или да дознаете како да добиете .

Викторија

Викторија забележа 120 нови локално стекнати случаи и два смртни случаи.

Премиерот Даниел Ендрјус најави - вклучително и радиусот за патување од 5 километри двојно зголемен на 10 километри - откако 70 проценти од населението ќе ја добие првата доза, што се очекува да се случи до 23 септември.

Градежните работи ќе бидат дозволени со капацитет од 50 проценти, откако 90 проценти од работниците ќе ја добијат првата доза од вакцината.

Од 7 септември, учениците од 12 одделение ќе имаат приоритет за вакцинација. Тестот за општо достигнување- The General Achievement Test- ќе се одржи на 5 октомври, додека часовите во училница во Третиот термин нема да бидат можни.

Од утре на полноќ, игралиштата за деца повторно ќе бидат отворени.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 23 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 12 присутни во заедницата, додека биле заразни.

Жителите на Канбера, на возраст од 16 до 29 години, сега може да ја резервираат вакцината “Фајзер” во некоја од државните клиники за масовна вакцинација на Територијата на главниот град на Австралија или кај матичен лекар. Во моментот нема достапни термини во државните клиники се до крајот на октомври.

alc covid mental health
Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 

 

 


Share
Published 1 September 2021 2:12pm
Updated 1 September 2021 2:17pm
By SBS/ALC Content
Source: SBS


Share this with family and friends