- Од 1 ноември, Нов Јужен Велс ќе го укине карантинот за целосно вакцинираните патници
- Викторија да ги укине барањата за карантин за целосно вакцинираните жители на Нов Јужен Велс
- Патувањата низ регионалните делови на Нов Јужен Велс се одложени до 1 ноември
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 399 нови, локални случаи на коронавирус, како и три смртни случаи.
Премиерот Доминик Перотет, потврди дека некои мерки ќе бидат ублажени во понеделник, откако државата ќе достигне 80 проценти вакцинација со двојна доза.
Тој рече дека високите нивоа на вакцинација значат дека хотелскиот карантин за меѓународни пристигнувања, како и домашниот карантин, може да се прекинат од 1 ноември, за лицата со примени со две дози од вакцината. Негативен ПЦР тест за Ковид ќе биде потребен, пред патниците да се качат на нивните летови и режимот за тестирање ќе биде воспоставен при пристигнувањето. Вакцините ќе треба да бидат признаени од Терапевтската управа- TGA. Приоритет ќе биде враќањето на Австралијците.
Од понеделник, дозволениот број за собирање дома ќе се зголеми на 20 луѓе, додека собирите на отворено ќе се зголемат на 50 луѓе.
Патувањата низ регионалните делови на Нов Јужен Велс се одложени до 1 ноември
Викторија
Од следниот вторник, Викторија ќе ги укине барањата за карантин за целосно вакцинираните жители во Нов Јужен Велс.
Државата регистрираше 2.179 нови, случаи на КОВИД-19, како и шест смртни случаи. Патниците мора да имаат негативен тест направен во рок од 72 часа по пристигнувањето во државата.
Мандатот за вакцина против КОВИД-19 сега е воспоставен за овластени работници, на сите сега им е потребна првата доза или закажана резервација за да продолжат да работат на лице место.
Територија на главниот град на Австралија
Во Територијата на главниот град на Австралија 35 нови случаи, со што вкупниот број на случаи за оваа појава изнесува 1,394. Жена на 70 годишна возраст почина во установа за нега на стари лица.
Низ Австралија во текот на изминатите 24 часа
Три комплети за само-тестирање за КОВИД-19, со точност од околу 97 проценти, ќе се најдат на полиците на аптеките на 1 ноември.
Австралиското биро за статистика вели дека уште 138.000 работни места се загубени во септември, поради заклучувањата во Нов Јужен Велс, Викторија и Територијата на главниот град на Австралија.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.