Најнови информации за КОВИД-19: Училиштата на Нов Јужен Велс повторно ги поздравуваат децата, додека училиштата во Викторија се подготвуваат да се отворат повторно за сите ученици

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 18 октомври 2021 година

Staff welcome students back to school after COVID-19 restrictions were lifted, at Glebe Public School in Sydney

Staff welcome students back to school after COVID-19 restrictions were lifted, at Glebe Public School in Sydney. Source: AAP/Bianca De Marchi

  • Викторија најавува економски пакет за бизнисите на отворено
  • Училиштата повторно се отвораат во Нов Јужен Велс
  • Тасманија ќе излезе од заклучувањето како што беше планирано
Викторија

Викторија регистрираше 1.903 нови, локално стекнати случаи и седум смртни случаи.

Министерот за вработување Јаала Пулфорд, најави економски пакет вреден , како што се спортски сали, трговија на мало, салони за убавина и лични услуги.

Над 89,2 проценти од популацијата над 16 години на Викторија, примиле една доза вакцина, а 66,5 проценти се целосно вакцинирани.

Заклучувањето во Мелбурн ќе биде укинато на полноќ во четврток, 21 октомври, кога учениците од прва и втора година ќе се вратат на училиште. Сите други студенти ќе им се придружат во петок, 22 октомври. Денеска во клупите се вратија учениците од подготвително одделение.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 265 нови, локално стекнати случаи и пет смртни случаи.

Околу 92 проценти од луѓето на возраст од над 16 годишна возраст примиле една доза вакцина против КОВИД-19, а 80,3 проценти имале две.

Учениците во 12 година, во прва година и деца од градинка се вратија во клупите денеска, додека другите одделенија кои ќе се вратат следната недела.

Најдете во Ваша близина.

Територијата на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 17 нови случаи, од кои 11 се поврзани со тековната појава.

Од 17 хоспитализирани лица, 9 се на интензивна нега.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Квинсленд не регистрираше нови случаи на КОВИД-19.
  • Јужна Тасманија, вклучително и главниот град на државата, Хобарт, ќе излезе од заклучување за КОВИД-19, вечерва во 18 часот, како што беше планирано.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 18 October 2021 2:22pm
Updated 19 October 2021 1:27pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends